Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кога Македонка глуми покрај Скарлет Јохансон не можеме да останеме рамнодушни – која е Симона Живковска?

„Во Скопје живеев до 7-годишна возраст. Матка ми е омилено место во Македонија. За жал, во Скопје нема да дојдам на премиерата на ‘Black Widow’, но ќе дојдам потоа…“, раскажува Симона Живковска.

koga-makedonka-glumi-pokraj-skarlet-johanson-ne-mozheme-da-ostaneme-ramnodushni-koja-e-simona-zhivkovska-001.jpg

Филмот „Black Widow“ или „Црната вдовица“, работен според стриповите на Marvel, го очекува светска премиера на 9-ти јули 2021.

koga-makedonka-glumi-pokraj-skarlet-johanson-ne-mozheme-da-ostaneme-ramnodushni-koja-e-simona-zhivkovska-02.jpg

Главниот лик го глуми фаталната холивудска убавица Скарлет Јохансон, а интересно е што во филмот се појавува и една Македонка, која дури има и реплика на македонски јазик (репликата е при крај на видеото).

Станува збор за младата Симона Живковска, родена 24 јуни 1994 година, која нѐ направи горди пред светот.

Но, која е Симона?

На прашања од фановите на својот Инстаграм профил таа одговараше на разни теми меѓу кои околу тоа кое ѝ е омилено место во Македонија и до колку години живеела тука.

Факти кои Симона ги откри за себе:

„Во Скопје живеев до 7-годишна возраст.“

„Матка ми е омилено место во Македонија.“

„За жал, во Скопје нема да дојдам на премиерата на ‘Black Widow’, но ќе дојдам потоа.“

„Омилена македонска песна ми е Џингрлака џикица (од Сузана Спасовска).“

„Покрај од Македонија, потекло имам и од прекрасен мал карипски остров кој се вика Сент Мартин.“

„Во хороскоп сум Рак.“

„Живеам во Лондон.“

„Сѐ уште немам работено на македонски филм, но баш би сакала да ме контактира некој продуцент.“

„Имам 3 миленици, кучиња.“

„Навистина би сакала да имам средба со фановите во Македонија кога ќе дојдам.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови кои ќе „ви прават друштво“ кога се чувствувате осамено The Martian, Her, Cast Away – постојат бројни филови каде што главните ликови се...
Ја дрогирале Џуди Гарланд, организирале оргии: Скандалите на снимањето на „Волшебникот од Оз“ Иако ужива статус на култен филм, снимањето на „Волшебникот од Оз“ во 1930-тите ...
10 одлични филмови каде главниот лик е негативец Joker е најпопуларниот филм со негативец во главната улога, додека There Will Be...
Актери кои си ги загрозиле здравјето и животот со костимите во нивните филмови Кејт Винслет речиси ќе загинела на снимањето на Titanic кога нејзиното палто се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg