7 филмови кои нè потсетуваат на детството и ни носат мирис на носталгија
Не знам за вас, но кога бев дете обожавав да гледам филмови. Тогаш интернетот беше космички поим, па со моите родители моравме да изнајмуваме касети од видеотеки кои за два-три дена ги враќавме. Oвие семејни ритуали се случуваа за викендите, кога можевме да земеме воздишка од училиштето и откако сите домашни задачи ќе беа напишани. Се сеќавам на филмот „Godzilla“... Уф, Се ежевме од помислата да не се појави слично чудовиште и во Македонија. Кој ви беше омилен филм во детството?
Кога и да се сетам на овие денови од минатото секогаш во мене се прикрадува едно чувство на носталгија, кое ме потсетува на минливоста на животот.
Па, затоа и ден денес, најчесто сам или некогаш со друштво, си пуштам некои од филмските хитови кои ми го означија периодот на детството.
И секако, чувството е неописливо.
Моите омилени филмови од детството:
Jurassic Park
Филм кој ме инспирираше да ги научам сите диносауруси напамет.
;The Godfather
Маестрално филмско остварување кое го гледам на неколку месеци.
Indiana Jones and the Raiders of the Lost Ark
И јас посакав да доживеам авантури како на Индијана Џонс.
E.T.
Приказна преку која ќе посакаш да имаш пријател што не е во човечки облик.
Jumanji
Забавно и лудо патување. Сите чезнеевме по таква игра.
Godzilla
Се ежевме од помислата да не се појави слично чудовиште и во Македонија.
Home Alone
Филм кој нè научи како да се справиме кога родителите ќе не остават насамо.
Е. Х. | Црнобело