Објавен првиот трејлер за продолжението на „Bridget Jones's Diary“
Конечно можеме да го погледнеме трејлерот за долго очекуваниот трет дел од приказната посветена на Бриџит Џонс.
Неколку месеци по објавата на првите фотографии од снимањето на третиот дел насловен „Bridget Jones's Baby“ се појави и првиот трејлер во кој можеме да видиме како ликот на Рене Зелвегер со соочува со секојдневните мајчински маки.
Она што веднаш се забележува е дека Бриџит не е веќе заедно со Марк Дарси (Колин Фирт), туку на сцената се појавува нов лик кој ќе го привлече нејзиното внимание и љубов, Марк Квант (Патрик Демпси) – брилијантен милионер.
Од насловот сосема ни е јасно дека во овој дел Бриџит за првпат ќе стане мајка, но она што ниту ние, а ниту таа, не го знае е кој е таткото на детето.
Премиерата на филмот е закажана за 16-ти септември, а дотогаш ќе уживаме во трејлерот:
М. С. | Црнобело