„Bridget Jones's Baby“ – првите фотографии со Колин Фирт и Патрик Демпси
Се појавија и првите неколку фотографии од главните ликови на најновото, трето, продолжение на сагата за Бриџит Џонс, по првата објавена фотографија на која ја гледаме Бриџит (Рене Зелвегер) како држи црвен iPad во рацете.
Објавени од страна на Entertainment Weekly, првите фотографии откриваат дека дебелката русокоса ја има задржано својата нежност, но и својата несмасност, гледајќи ја на фотографиите како стои целата прекриена во кал и се бори со огромната новогодишна елка.
Покрај неа на фотографиите можеме да ги забележиме и двајцата машки протагонисти: внимателниот џентлмен Марк Дарси (Колин Фирт) – секогаш елегантен и по малку крут и неговата нова закана Марк Квант (Патрик Демпси) – брилијантен милионер.
Од изјавата на Фирт дознаваме дека новиот лик не е ништо помалку сериозен противник на Марк од Даниел Клевер (Хју Грант): „Спротивно од Даниел, не се работи за личност која Марк ја познава уште од детството. Станува збор за целосен аутсајдер кон кого тој се однесува сосема поразлично“.
Според изјавите на Фирт, мистериите кои треба да се решат во третото продолжение за хероината создадена од фантазијата на Хелен Филдинг се повеќебројни и различни. Прашањето за откривање на татковството во секој случај не е единствената мистерија за која треба да се пронајде одговорот.
Премиерата на најновото продолжение кое помеѓу другото ги опишува тешкотиите со кои во денешно време се соочуваат сингл-девојките на четириесетина години, е закажана за 16-ти септември 2016-та година.
М. С. | Црнобело