10 нови серии (и сезони) на Нетфликс и HBO Max
Покрај ултрапопуларната Adolescence, на Нетфликс, но и HBO Max има уште неколку забавни нови серии, како и нови сезони на серии од пред неколку години.
Стриминг платформите, особено Нетфликс, секојдневно се преплавени со нови содржини.
Па, ако ви е тешко да исфилтрирате што ново вреди да се гледа, можеби ќе ви се допаднат нашите предлози за Нетфликс и HBO Max.
5 нови серии на Нетфликс:
Karma
Karma e нова јужнокорејска крими серија.
Дејството се фокусира на животот на шест различни ликови кои мораат да се справат со последиците од нивните импулсивни и погрешни одлуки.
American Primeval
American Primeval e мини-серија, чие дејство е сместено во 1857 година, за време на воен конфликт.
Главниот лик е жена, која со својот син патува низ опасните територии на американскиот запад со цел да го најде својот сопруг.
Resident Playbook
Јужнокорејската медицинска драма е идеална за фановите на сериите како Grey's Anatomy.
Дејството ги следи животите на неколку резидентки на гинеколошко-акушерска клиника.
The Breakthrough
Шведската крими серија The Breakthrough брзо стана една од најгледаните на Нетфликс.
Снимена е според висински убиства кои се случиле во Шведска во 2004 година. Главниот лик е детектив кој пробува да го најде убиецот 16 години подоцна.
Adolescence
Сигурни сме дека веќе сте слушнале за Adolescence, и ако не сте ја изгледале, време е да го направите тоа.
Главниот лик е 13-годишно момче кое е обвинето за убиството на девојче од неговото училиште.
Серијата се фокусира на теми како „токсична машкост“ и мизогинија кои стануваат сè поприсутни во светот на адолесцентите.
На следната страница, 5 нови серии на HBO Max…
Би можело да ве интересира:





