Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 нови серии (и сезони) на Нетфликс и HBO Max

Found

Found е серија која премиерно беше прикажана во 2023-та, а сега се емитува и втората сезона на HBO Max.

Главниот лик е жена која основа тим со цел да ги најде исчезнатите лица низ Америка за кои веќе заборавиле сите.

When No One Sees Us

Шпанската крими серија е адаптација на истоимениот роман на авторот Серџио Сарија.

Главните ликови се детективка која истражува необично самоубиство и детективка кој истражува исчезнување на американски војник. И, нивните истраги чудно се вплеткуваат.

Long Bright River

Со Аманда Сејфрид во главната улога Long Bright River е уште една крими серија која доби позитивни критики.

Главниот лик е полицајка која е надлежна за област во Филаделфија со сериозен проблем со дрога.

По неколку убиства во областа, таа сфаќа дека можеби нејзиното минато е поврзано со злосторствата.

The Pitt

The Pitt е медицинска драма за која многумина велат дека најреалистично ги прикажува предизвиците на лекарите.

Главните ликови се неколку здравствени работници во болница во Пенсилванија, а дејството се фокусира на нивното секојдневие на работа.

Hacks

Уште една постара серија од 2021-ва, која годинава има нова сезона.

Главниот лик е комичарка која може да ја изгуби целата империја што ја изградила. За да се спаси, склучува необично пријателство со млада сценаристка.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
10 (мини) серии на HBO Max, совршени за продолжен викенд Српската „Сабља“ или The Penguin за оние кои ја сакаат помрачната верзија на Бет...
Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата? Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...
Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме „Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg