Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Data Analyst 21-03-2025


Трогателни филмови и серии снимени според вистински трагедии

Only the Brave кој е направен во чест на 19 храбри пожарникари, но и Deepwater Horizon кој покажува како алчноста за пари може да предизвика катастрофа од огромни размери.

trogatelni-filmovi-i-serii-snimeni-spored-vistinski-tragedii-01.jpg

Низ историјата се случиле безброј трагедии и милиони животи згаснале прерано.

А, доста често, за ваквите трагедии, особено поголемите, се снимаат филмови и серии.

Овие филмови и серии не се воопшто лесни за гледање, но се овде да нè потсетат на загубените животи, но и да нè поучат за грешките кои не треба да ги повториме.

Некогаш, за среќа, ваквите настани не завршуваат трагично, но засекогаш оставаат белег врз оние кои преживеале.

10 трогателни филмови и серии снимени според вистински трагедии:

Only the Brave

Only the Brave е снимен според висинската приказна за група елитни пожарникари од Аризона.

19 од 20-те пожарникари го губат животот за време на голем шумски пожар во Аризона и филмот е направен во чест на нивното сеќавање.

Deepwater Horizon

Снимен според една од најголемите нафтени катастрофи, Deepwater Horizon прикажува како алчноста за пари може да предизвика штета од огромни размери.

Deepwater Horizon е нафтена платформа среде океан која поради техничка грешка експлодира и ослободува огромни количини нафта во океанот.

Инженерите и работниците на платформата, пробуваат да се спасат како што знаат и умеат.

The Impossible

Филмот е снимен според вистинско искуство на семејство од Америка кое го преживува цунамито во Индискиот Океан во 2004 година.

Тие се на одмор во Тајланд, кога цунамито прави пустош. Иако се преживеани, во целиот хаос не можат да се најдат едни со други.

The 33

Шпанскиот филм е снимен според рударски инцидент од 2010 година.

Цели 69 дена, 33 рудари се заробени во рудник во Чиле, бидејќи сопственикот на рудникот превидува бројни безбедносни протоколи.

Chernobyl

Мини-серијата на HBO ги опишува настаните пред и по најпознатата хаварија од нуклеарна централа.

Опфатени се пропустите на надлежните, самата катастрофа, како и судењето со кое се бара виновникот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...
10 филмови кои ја прикажуваат мрачната страна на алчноста за пари и моќ The Wolf of Wall Street е можеби најдобар пример за мрачната страна за желбата з...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg