Чудни анимирани џуџиња, конфликт меѓу главните актерки: Зошто новиот филм за Снежана ќе биде „пропаст“ за Дизни?
Критики за изборот за Рејчел Зиглер
Рејчел Зиглер има латиноамериканско потекло и многумина сметаат дека нејзината раса не е соодветна за улогата.
Фановите на оригиналниот цртан сметаат дека Снежана секогаш е опишувана со „кожа бела како снег“ и во овој случај би било посоодветно да ја глуми бела актерка.
Не е првпат Дизни да ја промени расата на некој лик, како на пример Ариел.
Но, фановите на цртаниот сметаат дека во овој случај промената на расата е несоодветна.
За критиките, пак, Рејчел изјави:
„Никогаш не ни помислив дека ова ќе биде можност за мене. Обично не гледате Снежана со латинско потекло, без разлика што е позната во латинските земји.
Ова е работа за која сум пресреќна. Ќе можам да бидам латино принцеза“.
Контроверзните изјави на Рејчел за оригиналниот цртан
Додека драмата за расата на актерката спласна брзо и јавноста сфати дека можеби и не е толку важна, Рејчел почна да го критикува оригиналниот цртан филм.
Според многумина, не е во ред што покажува непочитување за улога што треба да ја глуми самата.
23-годишната актерка изјави дека само еднаш го изгледала оригиналниот цртан филм и дека не ѝ се допаднал и дека ѝ бил страшен.
Подоцна, во друго интервју, го опиша принцот како „демнач“.
„Веќе не е 1937 година. Снежана нема да биде спасена од принцот и не сонува за вистинска љубов. Таа сонува да стане лидер.
Во оригиналниот цртан има огромен фокус на љубовната приказна со маж кој буквално ја демне. Тоа е чудно! Па, го прескокнавме тој дел“.
Таа се пошегува и дека актерот кој е најмен за да го глуми принцот можеби и воопшто нема да се појави ви филмот.
Политички „препукувања“ помеѓу Рејчел Зиглер и Гал Гадот
Гал Гадот ја глуми маќеата во филмот, а додека траеше снимањето двете покажаа дека имаат поделени политички мислења.
Па, се шпекулира дека постои раздор меѓу актерките.
Имено, Рејчел јавно покажа поддршка за Палестина, додека Гал, која е Израелка, ја поддржува својата родна земја.
Гал Гадот не беше на европската премиера, но наводно ќе се појави на премиерата во САД заедно со Рејчел.
Двете актерки одбивале да коментираат за односот меѓу нив.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





