10 филмови номинирани во главната категорија на Оскари 2025
The Substance што ѝ ја донесе првата номинација за Оскар на Деми Мур, како и Wicked, мјузиклот што руши рекорди – кои филмови ќе се борат за главната награда на годинешните Оскари.
Минатата недела беа соопштени номинациите за Оскари 2025-та.
Доделувањето на наградите ќе се одржи на 3-ти март, што значи имате доволно време да ги изгледате номинираните филмови.
Кои се 10-те филмови номинирани во главната категорија?
Anora
Анора е млада сексуална работничка која запознава син на олигарх со кого и се венча.
Но, на љубовната бајка ѝ се заканува крај бидејќи родителите на сопругот планираат да го поништат бракот.
Покрај за најдобар филм, Anora има уште пет номинации на годинешните Оскари.
The Brutalist
Фиктивна историска драма со Адриен Броди во главната улога која ги спојува холокаустот и бруталистичката архитектура.
Главниот лик е архитект кој бега од Европа по Втората светска војна и оди во Америка со надеж да почне нов живот. Овде, богат и моќен градежник го препознав неговиот талент.
Филмот доби дури десет номинации за Оскар.
A Complete Unknown
Со одлична актерска екипа што ја сочинуваат Тимоти Шаламе, Едвард Нортон и Ел Фенинг, А Complete Unknown е биографски филм за Боб Дилан.
Почнувајќи од 1960-тите, кога 19-годишиот Боб Дилан пристигнува во Њујорк, па сè до достигнувањето на светска слава, филмот опфаќа многу детали за животот на познатиот музичар.
Филмот доби осум номинации за Оскар, вклучувајќи и за најдобар актер за Тимоти Шаламе.
Conclave
Политички трилер чие дејство се одвива околу избирањето на нов Папа во Ватикан.
Кардиналот Томас Лоренс е задолжен да ја организира конклавата, но открива тајни и скандали кои се сериозна закана за Римокатоличката црква.
Рејф Фајнс доби и номинација за Оскар за главната улога.
Dune: Part Two
Второто продолжение на сагата снимена според книгите на Франк Херберт ги исполни, па и надмина очекувањата.
Главниот лик Пол, со помош на домородниот народ на планетата Аракис, пробува да се одмазди за смртта на неговиот татко.
Ова е вториот филм со Тимоти Шаламе кој е номиниран во главната категорија.