Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона

Holidate

Главниот лик е млада девојка која е мета на шеги бидејќи е сингл.

Откако сретнува момче со ист проблем, се договараат да глумат дека се пар за време на празниците.

Но, девојката почнува навистина да се вљубува во него…

Love Actually

Ако сакате романтични филмови, веруваме дека досега сте го изгледале Love Actually.

Но и покрај тоа, вреди да го изгледате и оваа сезона.

Дејството се фокусира на пет различни парови и нивните животи, во периодот околу Божиќ.

The Princess Switch

Млада грофица сретнува „обична“ девојка од Чикаго која личи исто како неа.

Па, за Божиќ одлучуваат да си ги заменат местата.

Но, набрзо и двете се вљубуваат во партнерот на другата.

A Castle for Christmas

Со Брук Шилдс во главната улога, A Castle for Christmas е забавна романтична комедија.

Таа глуми авторка која сакајќи да избегне скандал, се преселува во Шкотска каде се вљубува во замок.

Но, мора да се справи со намуртениот војвода кој го поседува.

Catering Christmas

Главниот лик е млада жена со кетеринг служба која е најмена за божиќна гала свеченост на позната фондација.

Мажот која ја најмува е основач на фондацијата, но и перфекционист.

Нештата се комплицираат кога жената се вљубува во неговиот внук.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 популарни серии кои (ќе) имаат нови сезони во 2025-та The White Lotus, The Handmaid"s Tale, Black Mirror – дел од најпопуларните серии...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg