10 божиќни филмови на Нетфликс кој ќе ве подготват за празничната сезона
Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гледате пред почетокот на празничната сезона?
Првиот и вториот дел од Home Alone ни поставија превисоки стандарди за празничните филмови.
Но, сепак има и други забавни филмови кои ќе ни го пополнат слободното време и ќе ни ја доловат магијата на Нова година и Божиќ.
Празничните филмови на Нетфликс можеби не се меѓу најдобрите остварувања во кинематографијата, но ако сакате нешто лесно за гледање што ќе ве стави во добро расположение, можеби треба да им дадете шанса.
10 празнични филмови на Нетфликс:
Our Little Secret
Ова е најновиот филм на Линдзи Лохан кој доби и не така лоши оценки.
Главните ликови се поранешни партнери кои немале контакт 10 години по раскинувањето.
И двајцата имаат нови партнери, но дознаваат дека се брат и сестра.
Па, тие мораат да го поминат Божиќ заедно, со семејството на партнерите, без да откријат детали за нивното минато.
Meet Me Next Christmas
Млада жена има желба да го најде мажот од нејзините соништа.
За таа цел, низ целиот Њујорк бара влезници за најпопуларното шоу во градот – божиќниот концерт на акапела групата Pentatonix.
Hot Frosty
Главниот лик е Кети, млада вдовица која случајно оживува снешко во пресрет на празничната сезона.
Но, како што тој ѝ помага да ја преболи загубата на саканиот и повторно да се вљуби, на нивното пријателство му се ближи крајот бидејќи тој ќе се стопи.
Falling for Christmas
Уште еден празничен филм со Линдзи Лохан во главната улога.
Овој пат, таа глуми млада богата наследничка која неколку дена пред Божиќ доживува несреќа при скијање.
Од несреќата има амнезија, па за неа почнува да се грижи згоден маж кој има ќерка.
The Merry Gentlemen
Филм кој сигурно ќе сакате да го изгледате ако сте биле вљубени во Чед Мајкл Муреј во тинејџерските години.
Главниот лик е поранешна танчарка која сака да го спаси ноќниот клуб на нејзините родители.
За ова, околу Божиќ најмува неколку машки танчари, од кои еден почнува да ѝ се допаѓа.