Еден филм што мора да го изгледате, според хороскопскиот знак

Вага – La La Land

Вие сте романтичари, па можеби најмногу уживате во романтични филмови.

Но, сакате да бидат и уникатни, па мјузиклот La La Land дефинитивно ќе ви се допадне.

Скорпија – Get Out

Нешто што најмногу ве интересира се мрачни и мистериозни работи, но доста сте заинтересирани и за социјалните проблеми.

Get Out е психолошки хорор што го нуди сето ова.

Стрелец – трилогијата The Lord of The Rings

Желбата за авантура се пренесува и во вашиот филм за вкусови.

А, нема подобра авантура од онаа на ликовите од популарната трилогија, која е придружена и со одлична приказна, но и пејзажи кои оставаат без здив.

Јарец – The King’s Speech

Вие сте амбициозна личност која го цени трудот и сака да работи на себе.

А, темата во The King’s Speech е токму тоа – британскиот крал Џорџ VI кој пробува да го надмине проблемот со пелтечењето.

Водолија – Blade Runner 2049

Со размислувањето, вие сте стотици години пред другите и љубопитни сте за иднината.

Blade Runner е научно фантастичен филм со уникатна приказна кој ќе ви овозможи да ѕирнете во иднина која и не е така далеку од реалноста.

Риби – The Shape of Water

Како личност која е во допир со своите чувства, најмногу сакате емотивни филмови.

The Shape of Water е фантазија која ги истражува длабоките чувства, како љубовта, и покажува што се способни луѓето да направат за оној кој го сакаат.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg