Филмски викенд: Комедии
Мене некако престана да ми е интересен снегот, премногу е ладно и тмурно. Затоа решив за овој филмски викенд да ви спремам три комедии...
...кои ќе ве насмеат до солзи и ќе ви го тргнат паметот од студот.
Соберете се во друштво или со партнерот, испукајте пуканки и завземете ја вашата омилена хоризонтална положба.
Време е да се релаксирате, да го исклучите мозокот и да се смеете.
Уживајте во овој филмски викенд!!
И таман коа ќе си помислите дека филмовите со Бен Стилер се сите исти, го имаме Tower Heist кој ќе ве изненади во секоја смисла.
Се случува во ултра модерната Tower зграда, од каде и насловот на филмот, каде животите на вработените и резидентите се испреплетуваат на многу бизарен начин.
Имено, менаџерот на зградата, ги инвестира парите од пензискиот фонд на своите вработени со еден банкар што живее на врвот на зградата кој му ветил дека ќе му ги врати со профит.
Но, банкар како банкар, ги украл парите од сите клиенти, и сега ФБИ го гонат за проневера.
Тоа што следи понатака е нешто како планирањето на грабеж како во Ocean's 11, но наместо професионални крадци, имаме вратари и собарки.
Дали ќе успеат да си ги вратат парите без да ги фатат?
Оваа крими комедија дефинитивно ќе ве натера да навивате за тие што крадат!
Режија: Brett Ratner
Глума: Ben Stiller (менаџерот), Casey Affleck(рецепционерот), Eddie Murphy
Ник е најчесто надуван, без амбиции и работи како доставувач на пица (пицеријата во која работи ветува дека ќе ја достави пицата до вашиот дом за 30 или помалце минути).
Тој ќе падне жртва во планот на двајца недоразвиени криминалци. Сакаат да го убијат таткото на едниот за да дојдат до парите што таткото ги добил на лото.
Со таа цел најмуваат платен убица, но немаат пари како да го платат, па решаваат да ограбат банка.
Но, за да не бидат фатени решаваат да натераат некој да ограби банка место нив. И тука некаде во планот улетува Ник.
Кога тој му доставува пица му врзуваат бомба на телото и му даваат рок во кој треба да ја ограби банката или ќе експлодира.
Знам вака планот изгледа идиотски, и прилично се помачив дури да го напишам.
И верувајте дека ништо не разкажав од филмот, приказната натака се расплеткува уште поневеројатно и посмешно.
На некои можда ќе им биде глупав хуморот, затоа препорачувам да го гледате филмот со отворен ум ;)
Режија: Ruben Fleischer
Глума: Jesse Eisenberg (Ник) , Danny McBride и Nick Swardson (двајцата морони криминалци)
Комедија за девојки, ама мислам дека и машките ќе уживаат. Приказната се врти околу Али, млада и згодна, но секогаш си фаќала лоши дечкови.
После една случајна средба со еден бивш (кој од лузер станал фраер) и еден факт од весник дека жените што имале над 20 сексуални партнери тешко наоѓаат сопруг, добива генијална идеја.
Како не би ја надминала бројката 20, таа ќе ги лоцира бившите дечковци да провери дали некој од нив е нејзината вистинска љубов.
Навистина интересна,смешна и глупава е оваа нејзина потрага, но ќе ве остави насмеани и среќни.
Крајот е 'големо' изненадување, но сепак за роматична комедија имаше релативно малку лигави моменти.
Девојки гледајте го филмот затоа што Крис Еванс е полугол низ пола филм, ќе уживате!
Режија: Mark Mylod
Глума: Anna Faris (Али), Chris Evans (комшијата)
И.Т. | Црнобело