10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате
Predestination
Дејството на филмот е сместено во алтернативен универзум, каде вселенските патувања се реалност уште во 1960-тите.
Главниот лик е агент кој со помош на временска машина треба да спречи бомбашки напад во Њујорк.
Но, задачата почнува да му изгледа невозможна.
Triangle
Група пријатели крстарат со јахта, кога одеднаш се соочуваат со бура.
По бурата, налетуваат на огромен патнички брод кој изгледа празен, па се качуваат на него со надеж дека ќе бидат спасени.
A Scanner Darkly
A Scanner Darkly е направен со посебна техника поради која филмот изгледа како да е цртан.
Главната улога му припаѓа на Киану Ривс кој глуми таен агент на мисија да разоткрие група која продава дрога.
Но, додека се обидува да ги фати криминалците, самиот станува зависник.
Source Code
Главната улога му припаѓа на Џејк Џиленхол кој глуми воен пилот кој се буди на воз, но во туѓо тело.
Во возот има експлозија и тој умира, но повторно се буди во туѓото тело, во истиот воз…
Ex Machina
Главниот лик е млад програмер кој има можност да соработува со врвен инженер во експеримент поврзан со вештачка интелигенција.
Инженерот има изградено хуманоиден робот кој веќе го поминал Тјуринговиот тест и, на некој начин, докажал дека е свесен.
Задачата на програмерот е да провери дали кај роботот навистина се родила свест.
Спирова С. | Црнобело