5 филмови од кои може да извлечете одлични лекции за управувањето со парите
Погледнете ги овие 5 филмови кои може да ви дадат одлични поуки кога станува збор за управувањето со вашите пари. Можеби ќе откриете некои аспекти и детали за кои не сте ни помислувале.
Управувањето со парите не е секогаш лесно, а честопати луѓето се прашуваат дали ги направиле вистинските чекори во вистинско време.
Но, во текот на изминатите децении, создадени се одлични филмови кои може да бидат доста поучни кога станува збор за финансиите, а кои нудат непроценливи информации кои сите можеме да ги искористиме во одреден период од нашиот живот.
Во продолжение погледнете 5 предлог филмови кои ќе ви дадат важни лекции за управувањето со финансиите:
Wall Street (1987)
Нетрпелив млад брокер е подготвен да стори сè за да стигне до врвот, вклучувајќи и тргување со нелегални информации. Дали алчноста е добра? Дури и на туѓа сметка?
Поука: Како да направите парите да работат за вас, но не на нечија туѓа сметка.
The Money Pit (1986)
Млад пар се бори да поправи безнадежно трошна куќа.
Поука: Планирајте ги вашите купувања однапред и секогаш имајте финансиски план.
The Wolf of Wall Street (2013)
Филмот е базиран на вистинската приказна за Џордан Белфорт, од неговото издгинување до богат берзански брокер кој живее живот „на висока нога“, до неговиот пад кој вклучува криминал и корупција.
Поука: Бидете внимателни со финансиските пазари.
Up (2009)
78-годишниот Карл Фредриксен патува до Paradise Falls во неговата куќа опремена со балони, ненамерно земајќи млад патник…
Поука: Штедете за иднината, но не пропуштајте и одмори.
Willy Wonka and the Chocolate Factory
Сиромашно, но надежно момче, бара еден од петте посакувани златни билети, што ќе го испратат во обиколка на мистериозната фабрика за чоколади на Вили Вонка.
Поука: Секогаш читајте ги ситно напишаните букви во договорите!
М. Ѓ. | Црнобело