10 филмови што треба да ги изгледате пред Оскари 2024
American Fiction, Maestro, Killers of the Flower Moon… Колку од номинираните филмови за Оскари имате изгледано? Кој ви е фаворит?
На 23-ти јануари беа објавени номинираните филмови за Оскари 2024. Иако за дел од филмовите беше очигледно дека ќе добијат барем една номинација, има и наслови кои веројатно не сте ги слушнале.
10 филмови што треба да ги изгледате пред Оскари 2024:
American Fiction
Главниот лик е писател на кој му е „преку глава“ што многумина профитираат од забавна содржина инспирирана од стереотипите за афроамериканците.
Сакајќи да ја докаже својата поента, тој користи псевдоним за да напише токму таква книга.
Филмот е номиниран во пет категории, вклучувајќи „Најдобар филм“ и „Најдобро адаптирано сценарио“.
Anatomy of a Fall
Француски филм во кој главниот лик е жена која е осомничена за убиството на нејзиниот сопруг.
Единствениот сведок во целата ситуација е нејзиниот слеп син.
И овој филм е номиниран во пет категории, вклучувајќи „Најдобар филм“, „Најдобар режисер“ и „Најдобро оригинално сценарио“.
The Holdvers
Забавна комедија во која главниот лик е наставник по историја кој за време на празниците останува на кампусот на училиштето наместо да си оди дома.
Друштво му прави ученик кој не е во можност да си замине дома.
Филмот си заработи пет номинации за Оскар, вклучително и за „Најдобар филм“.
Killers of the Flower Moon
Дејството е сместено во 1920-тите, кога во Оклахома, на индијанска земја е откриена нафта. Американците почнуваат да ги убиваат индијанците еден по еден, сè додека ФБИ не се замеша во целата ситуација.
Филмот има дури девет номинации за Оскар, вклучувајќи „Најдобар филм“, „Најдобра режија“, „Најдобра актерка“ и „Најдобра кинематографија“.
Maestro
Филмот во режија на Бредли Купер се фокусира на животот на диригентот Леонард Бернштајн.
Актерот ја има и главната улога во филмот.
Maestro e номиниран во седум категории – „Најдобар филм“, „Најдобар актер“, „Најдобра актерка“…