10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате
Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од озлогласениот сериски убиец чиј идентитет не е познат до денес.
Психолошките трилери се фокусираат на ликови со некаква опсесија, внатрешен конфликт и слично, а притоа имаат и доза мистерија која ве држи во неизвесност.
Иако некогаш вознемирувачки, овие филови се скоро секогаш забавни за гледање бидејќи повеќето од нив ве тераат и да размислувате.
10 психолошки филмови што ќе ги мислите долго откако ќе ги изгледате:
Stoker
Со Никол Кидман и Миа Васиковска во главните улоги, Stoker е навистина морничав трилер.
Главниот лик е Индија – девојка чиј татко загинува на нејзиниот 18-ти роденден. Индија живее со мајка ѝ која има психолошки проблеми, а во нивниот дом се вселува и Чарли – помладиот брат на татко ѝ.
Дотогаш Индија не ни знаела дека Чарли постои, па неговото присуство во домот навистина ѝ пречи.
Insomnia
Во режија на Кристофер Нолан, Insomnia има и мошне добра актерска екипа – Ал Пачино, Хилари Свонк и Робин Вилијамс.
Ал Пачино глуми детектив кој го истражува убиството на 17-годишна девојка во Алјаска.
Но, додека го брка убиецот, случајно го застрелува и убива неговиот партнер.
Secret Window
Џони Деп глуми писател кој пробува да го преболи болниот развод од сопругата.
Тој отседнува во оддалечена куќа покрај езеро, кога го посетува мистериозен човек кој го обвинува за плагијат и му се заканува.
Писателот пробува да сфати што се случува и почнува да се сомнева во реалноста.
The Babadook
The Babadook е класифициран и како хорор, па веројатно не би сакале да го гледате сами навечер.
Главниот лик е вдовица која сама се грижи за 6-годишниот син по трагичната смрт на нејзиниот сопруг.
Една ноќ, синот ја замолува да му прочита сликовница со морничаво чудовиште. Додека мајката е вознемирена од сликовницата, синот е убеден дека чудовиштето е вистинско.
Zodiac
Филмот е инспириран од озлогласениот сериски убиец познат како Zodiac чиј идентитет не е познат до денес.
Дејството се фокусира на потрагата по убиецот во која учествува и илустратор кој станува опседнат со случајот.
Главните улоги им припаѓаат на Марк Рафало, Роберт Дауни Џуниор и Џејк Гиленхал.