10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете
Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека Primer одлично прикажува колку конфузен може да биде концептот на патување низ времето.
Ако ви е „преку глава“ од предвидливи филмови кои не треба ни да ги следите за да ги разберете, тогаш сигурно ќе ви се допаднат следниве предлози.
Ова се филмови кои ретко кој може да ги сфати од едно, па и две гледања, и кои сигурно ќе ги зборувате долго.
10 збунувачки филмови што вреди да ги изгледате:
Enemy
Со Џејк Гиленхал во главната улога, Enemy е филм чиј крај повеќе ќе ве збуни отколку што ќе ви објасни нешто.
Адам е универзитетски професор кој случајно здогледува актер кој личи потполно исто како него. Професорот успева да го лоцира актерот, да отиде во неговиот дом и почнува да го живее неговиот живот.
Vanilla Sky
Главните улоги им припаѓаат на Пенелопе Круз и Том Круз, а филмот е инспириран од шпанскиот Abre los ojos.
Главниот лик е Дејвид, моќен бизнисмен кој губи речиси сè. Додека го раскажува својот живот, Дејвид не е сигурен што е реалност, а што сон или кошмар.
2001: A Space Odyssey
Во режија на Стенли Кјубрик, 2001: A Space Odyssey е култен филм што треба да го изгледаат сите.
Откако луѓето наоѓаат чуден монолит на Месечината кој испраќа некакви сигнали на Јупитер, тие праќаат вселенски брод на далечната планета.
Екипажот го сочинуваат неколку астронаути и HAL 9000 – вештачка интелигенција која управува со бродот и за која мисијата е поважна од животот на астронаутите.
Крајот на филмот и неговото значење до денес се тема на дебата.
Mullholand Drive
Нормално, на листата мора да има и филм на Дејвид Линч – „кралот“ на збунувачките филмови.
На почетокот од филмот гледаме жена која има амнезија откако доживува сообраќајка. Таа оди во домот на надежна актерка која ѝ помага да открие што се случило.
Но, како што го гледате филмот, нема да добивате одговори, туку ќе бидете сè позбунети.
Филмот е толку конфузен, што некои филмски критичари сметаат дека е само серија од случајни, неповрзани настани и нема дејство кое има некаква смисла.
Barton Fink
Бартон Финк е сценарист кој пишува сценарија за Бродвеј, но добива можност да напише сценарио за холивудско филмско студио.
Сепак, почнуваат да му се случуваат бизарни работи и наскоро сфаќа дека Холивуд не е така гламурозен и привлечен како што си го замислувал.