10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете
Трилогијата The Matrix
Дефинитвно мора да ѝ дадете шанса на култната трилогија, ако досега не ви е изгледана.
Дејството е сместено во иднина кога човештвото е поробено од машини кои ги користат луѓето како извор на енергија.
Свеста на сите луѓе е префрлена во таканаречената матрица која е како компјутерска програма, и само мал број се будни во вистинската реалност.
Primer
Primer е нискобуџетен филм кој се фокусира на патување низ времето.
Веројатно не постои филм кој подобро покажува колку е конфузен концептот со патување низ времето и за вистински да сфатите што се случува, ќе треба да го изгледате барем двапати, но и да читате толкувања на други луѓе.
Being John Malkovich
Ова е дефинитивно најчудниот филм на листата со Џон Кусак, Камерон Диаз и Џон Малкович во главните улоги.
Главниот лик Крег случајно наоѓа портал кој води до умот на холивудскиот актер Џон Малкович.
Ѝ го покажува на сопругата, по што почнува серија бизарни настани со уште побизарен крај.
Memento
Еден од првите филмови на Кристофер Нолан кои докажуваат дека не му треба (многу) голем буџет за да направи ремек-дело.
Главниот лик е Леонард, маж со вид амнезија поради која не може да создава нови сеќавања.
Тој е на мисија да го најде убиецот на својата сопруга, но фактот дека не помни ништо подолго од неколку минути значително му ја отежнува потрагата.
Mother!
Мислењето на јавноста не било поподелено колку за филмот Mother! – за некои е генијален, а за други е ужасна приказна без никаква смисла.
Главните ликови се поет и неговата сопруга кои се вселуваат во нова куќа на далечна и мирна локација. Но, мирот брзо им е нарушен поради ненајавените (и чудни) гости кои им доаѓаа ненадејно.
Спирова С. | Црнобело