10 одлични филмови од изминатата деценија кои веројатно сте ги пропуштиле (а вреди да ги изгледате)
Ако сте расположени за комедија, дајте им шанса на The Disaster Artist и The Nice Guys. Ако, пак, сакате добар трилер, нема да погрешите со Bridge of Spies.
Ако изгледавте сè што е популарно од изминативе 10-тина години, сигурни сме дека сте испуштиле по некои одлични наслови.
Филмови од изминатата деценија кои мора да ги изгледате:
American Hustle (2013)
Забавна комедија со одлична актерска екипа која ја сочинуваат Кристијан Бејл, Џенифер Лоренс, Бредли Купер, Џереми Ренер и Ејми Адамс.
Филмот е инспириран од вистинска ФБИ операција од 1970-тите и 1980-тите.
Главните ликови се двајца крадци кои по наредба од ФБИ, смислуваат измама за да разоткријат неколку корумпирани политичари.
The Theory of Everything (2014)
Овој емотивен филм ја раскажува животната приказна на познатиот физичар Стивен Хокинг.
Од неговите студентски денови кога ги забележува првите симптоми на болеста што го остави парализиран, па сè до неговиот огромен успех, The Theory of Everything ќе ве растажи, но и ќе ви покаже зошто не треба да се откажувате од вашите соништа.
Bridge of Spies (2015)
Со Том Хенкс во главната улога, Bridge of Spies е историска драма за познатиот адвокат Џејмс Б. Донован.
За време на Студената војна, тој преговара за ослободувањето на воен пилот од САД кој е затворен од страна на Советскиот Сојуз.
Во меѓувреме, се изложува на дополнителен ризик обидувајќи се да извлече уште еден Американец од рацете на Русите.
The Nice Guys (2016)
Забавната комедија со Расел Кроу и Рајан Гослинг се фокусира на двајца приватни детективи, со сосема различни карактери, кои мораат да соработуваат.
Тие треба да ја истражат смртта, односно мистериозното самоубиство на позната порно ѕвезда.