Потенцијални и сегашни студенти, професори и голем број гости вчера во хотелот „Стоун бриџ“ во Скопје присуствуваа на настан во организација на Американскиот универзитет во Бугарија (АУБГ), на кој специјален говорник беше поранешниот претседател на оваа земја, Росен Плевнелиев. Покрај презентацијата на програмите на реномираната високообразовна институција, фокус на настанот беа професиите на иднината, тема на која говореше и Плевнелиев. Посочувајќи дека пазарот на труд се менува како резултат на брзиот технолошки развој, тој истакна дека АУБГ е посветен да ги подготви студентите за предизвиците со кои ќе се соочат откако ќе излезат од образовниот систем...