(Скопје, 28.11.2018) – Проектот на ОКТА за фиторемедијација, односно прочистување на нафтен талог со помош на растенија, доби признание за една од најдобрите општествено одговорни практики во 2018 година. Признанието го доделуваат Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата со цел да се промовираат добрата корпоративна практика, иновативноста и одговорниот однос на компаниите кон заедницата и животната средина...