Скопје, 15.11.2018 – Невладината меѓународна организација Македонија2025 го прослави своето десетгодишно постоење, со организирање на донаторска гала-вечера на 8-ми ноември. Пред публика составена од преку 400 гости, видни претставници на бизнисот, академијата, како и дипломатскиот кор, беа презентирани програмите за развој на лидерски вештини, економски развој како и поврзување со бизнис дијаспората. Вкупните вложени средства во програмите за лидерски развој се еден милион долари, а средствата вложени за поттикнување на економскиот развој на земјата се три милиони долари...