Заврши модниот викенд, оваа година со фокус на екологијата и здравиот живот

Заврши осумнаесеттото издание на „Моден викенд Скопје“ кој оваа година стави акцент на проектот „Модата како дел од екосистемот“.

zavrsi-modniot-vikend-ovaa-godina-so-fokus-na-ekologijata-i-zdraviot-zivot-01.jpg

Одржлива приказна, на создавањето одржлив моден дизајн од текстилен отпад и на наоѓањето најсоодветен начин за повторна употреба на текстилот, потврдувајќи дека модата има моќ да направи позитивни промени во опкружувањето.

Целта на одржливата мода е да им се зголеми вредноста на локалното производство и на производите, да се продолжи животниот циклус на материјалите, да се зголеми вредноста на безвремени облеки, да се намалат количеството отпад и штетата врз животната средина.

zavrsi-modniot-vikend-ovaa-godina-so-fokus-na-ekologijata-i-zdraviot-zivot-02.jpg

Eден од официјалните партнери oваа година беше и брендот за здрава храна Natura на Макпрогрес Виница.

FWSK останува  неприкосновена платформа за лансирање на нови дизајнерски имиња на нашата, сѐ уште, кревка модна сцена. Радоста да се видат нови дизајнерски изрази што носат силна порака и докажуваат дека модата е многу повеќе од естетски - туку е и општествен и критички - момент и моментум, доживува кулминација токму во ревиските денови за кои живее мод(ер)но Скопје.

zavrsi-modniot-vikend-ovaa-godina-so-fokus-na-ekologijata-i-zdraviot-zivot-03.jpg

Идните и етаблираните дизајнерски имиња покажаа дека веќе имаат бренд што им се обраќа на нивните целни групи и беше особено задоволство да се види како модата живее и надвор од пистата, во публиката, на улиците, на социјалните мрежи, преку индивидуи со изграден стил кои гордо го носат македонскиот дизајн.

zavrsi-modniot-vikend-ovaa-godina-so-fokus-na-ekologijata-i-zdraviot-zivot-04.jpg

zavrsi-modniot-vikend-ovaa-godina-so-fokus-na-ekologijata-i-zdraviot-zivot-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Aлександра Пилева живее во САД со сопругот и синот (13): „Поминаа 20 години од мојата победа на Макф... „Секојпат кога ја пеам „Нема Утеха“ доаѓаат такви емоции. Немавме ниту еден чове...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...
Бомбакис, дечкото со картони, стана татко: „Сега веќе животот има смисла“ „Има за кого да се живее, животот ќе го дадам за тебе“, пишува Бомбакис во објав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg