Бомбакис, дечкото со картони, стана татко: „Сега веќе животот има смисла“
- Детали
- недела, 24 декември 2023
„Има за кого да се живее, животот ќе го дадам за тебе“, пишува Бомбакис во објава на Инстаграм со која откри дека со сопругата добиле ќерка, а го откри и нејзиното име – Бисера
Кристијан Станковски, во јавностa попознат како Бомбакис, со Инстаграм објава откри дека станал татко.
Тој и сопругата Вики се венчаа летоска, а набрзо по веселата свадба, Бомбакис откри дека очекуваат и дете.
Сега, во свој стил – со натпис на картон – Бомбакис ги сподели убавите вести дека со сопругата добиле ќеркичка.
„Добредојде на светов Бисера“, пишува на картонот што го држи Кристијан.
„Сега веќе животот има смисла, има за кого да се живее, животот ќе го дадам за тебе!“, стои во описот на објавата.
Прочитајте и: Бомбакис за CRNOBELO: „Не дека беше моја ама не сум бил на повесела свадба досега, бевме опремени со пиротехника до заби“
Спирова С. | Црнобело