Бомбакис со ехо-снимка од ултразвук откри дека ќе стане татко: „Најдобриот ‘картон’ што сум го држел во животов“

„Најдобриот ‘картон’ што сум го држел во животов. Најдоброто нешто што ми се случило во животов. По сите турбуленции, фала ти Господе. Фала ти Вики што си ми најголема поддршка во животов“, напиша Бомбакис и во свој стил откри дека ќе стане татко. 

bombakis-so-fotografija-od-ultrazvuk-otkri-deka-kje-stane-tatko-najdobriot-karton-shto-sum-go-drzhel-vo-zhivotov-01.jpg

Кристијан Станковски, во јавноста познат како Бомбакис, или дечкото со картоните, во свој стил откри дека неговата сопруга Вики е бремена.

Бомбакис, кој на 30.06 направи свадба со Вики, наместо картон, во рацете држеше ехо-снимка од ултразвукот.

bombakis-so-fotografija-od-ultrazvuk-otkri-deka-kje-stane-tatko-najdobriot-karton-shto-sum-go-drzhel-vo-zhivotov-02_copy.jpg

„Најдобриот ‘картон’ што сум го држел во животов. Најдоброто нешто што ми се случилово животов. По сите турбуленции, фала ти Господе. Фала ти Вики што си ми најголема поддршка во животов“, напиша тој на Фејсбук.

Бомбакис, кој во 2020 година откри дека се избори со ракот, објави и две фотки од свадбената фотосесија, а на едната од нив го бакнува трудничкото стомаче на саканата.

bombakis-so-fotografija-od-ultrazvuk-otkri-deka-kje-stane-tatko-najdobriot-karton-shto-sum-go-drzhel-vo-zhivotov-03.jpg

Вики и Бомбакис се венчаа на 30.06 и направија весела свадба со многу гости. Познатиот инфлуенсер на свадбата се преоблече два пати, а носеше костуми со дезени, кои привлекоа големо внимание.

bombakis-so-fotografija-od-ultrazvuk-otkri-deka-kje-stane-tatko-najdobriot-karton-shto-sum-go-drzhel-vo-zhivotov-04.jpg

Веднаш по венчавката, Бомбакис за CRNOBELO.com ги раскажа своите впечатоци од свадбата, па рече:

„Не дека беше моја ама не сум бил на подобра и повесела свадба досега. Сите весели од сам почеток до крај, голем респект до моите другари, кои не ме оставија во ниеден момент да се почувствувам осамено. Тоа е другарство“, ни кажа тој.

bombakis-so-fotografija-od-ultrazvuk-otkri-deka-kje-stane-tatko-najdobriot-karton-shto-sum-go-drzhel-vo-zhivotov-05.jpeg

Прочитајте и Бомбакис за CRNOBELO: „Не дека беше моја ама не сум бил на повесела свадба досега, бевме опремени со пиротехника до заби“

Би можело да ве интересира:

Горди татковци: Марко Новески и Бомбакис на плажа со бебињата во Охрид „Богатство и љубов во една слика“, напиша Бомбакис на фотката направена на плажа...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg