15 октомври, 2018, СКОПЈЕ – Организаторите на првата годишна македонска Конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 26-ти октомври во хотел Мериот во Скопје, ја објавија финалната програма. Агендата е составена од поздравни обраќања, главни говори, панел дискусии и неколку изненадувања за учесниците, а ќе биде реализирана од страна на триесетина говорници од 9 држави. Покрај локалните учесници и експерти за е-трговија, ќе има говорници и од Калифорнија (САД), Велика Британија, Чешка, Словенија, Бугарија, Србија, Полска и Белгија. Агендата има специфичен формат со цел да ги покрие сите аспекти од циклусот на електронската трговија и ќе започне со генерална анализа на сегашната ситуација на пазарот, по што следи дискусија за можностите за ширење на достигот на локалните е-трговци во границите на ЕУ, а ќе заврши со презентации и дискусии на теми како да се направи добар маркетинг, да се обезбеди квалитетна поддршка и корисничко искуство, како правилно да се искористат системите за плаќање и како без проблеми да се достави нарачаниот продукт...