Меѓународен коњички турнир „Скопје 2018“ - меморијален куп “Д-р Јосиф Наумовски“

Федерацијата на коњички спортови на Република Македонија, со поддршка на Град Скопје, Агенција за млади и спорт и компанијата ВИВАКС, како генерален спонзор на настанот, на 13–ти и 14-ти Октомври (сабота и недела), организираат спортска манифестација, Меѓународен коњички турнир „Скопје 2018“ - меморијален куп “Д-р Јосиф Наумовски“.

megjunaroden-konjicki-turnir-skopje-2018-memorijalen-kup-dr-josif-naumovski-1.jpg

ВИВАКС, најголемиот производител на природни овошни сокови во Македонија, под брендот ВИВА, е генерален спонзор на меморијалниот куп „Д-р Јосиф Наумовски“ и на целокупната спортска манифестација. Како општествено одговорна компанија, ВИВАКС е долгогодишен поддржувач на спортските настани од овој тип и активно учествува во зголемувањето на популаризацијата и свеста за јавачкиот спорт во Македонија.

Терените на хиподромот во Маџари овие два дена ќе бидат домаќини на натпреварувачи од повеќе земји, а помеѓу натпреварувачите ќе настапи и македонскиот претставник Лука Заложник, кој е голема надеж за овој спорт во Македонија и е наш претставник на ЛОИ 2020 во Токио.

Меморијалниот куп “Д-р Јосиф Наумовски“ името го доби во знак, чест и признание на извонредно големиот вљубеник во коњичкиот спорт и еден од најголемите спортски работници и активисти, кој имено, целиот свој животен век го посвети на развојот, афирмацијата и популаризацијата на коњичкиот спорт во и вон границите на Македонија. Човек кој по професија беше еден од врвните кардиолози- интернисти во државата, со своите дела како спортист и вљубеник во овој спорт, до последниот ден активно придонесува за развитокот на коњичкиот спорт.

megjunaroden-konjicki-turnir-skopje-2018-memorijalen-kup-dr-josif-naumovski-2.jpg

Почетокот на турнирот е во 11 часот, а во програмата се предвидени шест натпревари, по три во текот на двата дена. Јавачите ќе се натпреваруваат во прескокнување на пречки во височина од 1 до 1.30 метри. Натпреварите се организирани според меѓународните стандарди за коњички натпревари, во организација на Федерација на коњички спортови на Република Македонија.

Манифестацијата е од јавен карактер и влезот на истата е слободен.

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Каков татко - таков син: Ирина Камилоска сподели слатки фотки од сопругот и малиот Јосиф Ирина често споделува фотографии од Павле и Јосиф, но и видеа на кои открива дек...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg