„Европа“ врти нова слатка страница во својата историја

Чоколади, вафли, бонбони, чоколокум, крем банани, голем број генерации израснаа со препознатливите производи од македонската „Фабрика за задоволства“ АД ЕВРОПА која е позната по својата традиција во создавање на уникатни слатки што го освоија срцето не само на домашните купувачи, туку и пошироко. Приказната што започна во 1882 година постојано се надградува со највисоко ниво на квалитет, а оваа година таа приказна врти нова слатка страница.

evropa-vrti-nova-slatka-stranica-vo-svojata-istorija-1.png

Сè започна во 1882 година со отворањето на шеќерскиот дуќан ЕВРОПА во Скопје. Од скромни почетоци со дневно производство од 250 килограми и пет вработени, еден од најстарите кондиторски производители на Балканот прерасна во голема модерна фабрика, чии производи денеска се извезуваат во 25 земји и претставува вистински сладок амбасадор на нашата земја.

ЕВРОПА особено се истакнува по оригиналната рецептура што стои зад секој производ, при што се употребуваат најквалитетни суровини и постојано се следат законските регулативи. Така, оваа година направена е замена на редовната палмина маст со палмина маст со помало присуство на GE (Glicidyl Esters) до 1ppm/kg  согласно законските процедури на ЕУ кои стапија на сила од 30.09.2018г.  

Како компанија која ги следи и креира трендовите, ЕВРОПА во својот асортиман неодамна внесе нови производи, како што се малите чоколади и вафли МИНИ и чоколадните десерти МИНТИ, кои веднаш го освоија пазарот. Специјализираните продавници се уште еден доказ за заложбите на ЕВРОПА да ги задоволи потребите на потрошувачите, но настојувањето за усовршување, надградба и промени не застануваат тука, а показател за тоа е отворањето на новата ребрендирана продавница во ГТЦ.

Отворањето на продавницата на едно место собра љубители на слатки задоволства од различни генерации и претставуваше одлична шанса за дегустација на производите на ЕВРОПА.

„ЕВРОПА е компанија која постојано се труди да ги задоволи вкусовите на своите потрошувачи. Оваа година одлучивме да направиме чекор кон иднината и да свртиме нова слатка страница, а како навестување за промените што ќе следат е отворањето на продавницата во ГТЦ, која е израз на духот на традицијата содржан во квалитетот на производите уште од 1882 година, како и на современите трендови кон кои постојано се стремиме. Уште еден показател за промените е  редизајнот на нашите топ 15 производи на што работиме во моментов. Нашите потрошувачи ги очекуваат многу убави изненадувања од нашата „Фабрика за задоволства“ – изјави на отворањето директорката на ЕВРОПА, Марика Караџова.

Погледнете како помина отворањето на новата продавница на ЕВРОПА во ГТЦ и повелете во новиот современ простор каде можете да се снабдите со највкусните чоколади, вафли, бонбони, локум и останати производи од „Фабриката за задоволства“.

Би можело да ве интересира:

Игор Џамбазов со семејни фотки од 1970-тите, Дарко Илиевски чека второ дете: Што прават македонските... Васил Зафирчев ја најави новата сезона на „Преспав“, тенисерот Калин Ивановски в...
„Поканив 75 луѓе на забава дома, дојдоа 150“: Кој им бил најубавиот дочек на Нова година на познатит... Иџе со семејството, Васил Гарванлиев организирал луда забава без знаење на цимер...
Пејачи од Македонија чии деца тргнале по нивните стапки Некои од нив се истакнати музичари, а некои од нив допрва ги очекува блескава ка...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Позитива на денот: Пере од „Нокаут“ ја носи ќеркичката во градинка со велосипед на дожд (видео) „Скопско дете накај градинка, се насмевнува на дождот, како да е сончево. Дождот...
Христина Пан за 35-тиот роденден се забавува со ќеркичките, откако едната извојува нова битка во лек... Нашата инфлуенсерка Христина Пан објави емотивно видео со двете ќерки близначки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg