На слончето на Халкбанк му треба име!
- Детали
- петок, 12 октомври 2018
Биди кум на новата маскота за Детско штедење и можеш да добиеш 10.000 ден.
Во октомври, месецот на штедење, Халкбанк ја претстави својата нова маскота за Детското штедење – слонче!
Слончето е толку неодоливо, но нема име! Сакајќи на луѓето да им даде можност самите да придонесат во создавањето на оваа нова маскота, Халкбанк објави конкурс за именување на слончето, со тоа што најдобриот ќе добие штедна книшка со 10.000 денари.
„Во рамки на нашата корпоративна платформа, сакаме да истакнеме дека луѓето се навистина важни, но најважни несомнено се децата. Токму затоа, оваа кампања сакаме да ја направиме заедно со нив. Сакаме да им дадеме шанса тие да се вклучат во создавањето на препознатлив лик со кој ќе може да се идентификуваат, кој ќе го сакаат и преку кој заедно ќе учиме и ќе создаваме поголема свесност за важноста од стекнување рани навики за штедење“, изјави Маја Наумовска од Дирекција за односи со јавност во Халкбанк.
Конкурсот за именување на слончето ќе се спроведува во две фази, односно почнувајќи од денес, 12 октомври, па сѐ до 19 октомври, на Facebook страната на Халкбанк посетителите ќе имаат можност да ги пишуваат своите предлози за име на слончето, од кои ќе се одберат две најатрактивни имиња.
Во втората фаза, од 19-21 октомври, преку јавна анкета, повторно на Facebook страната на Халкбанк, посетителите ќе гласаат за едно од понудените имиња, и на 22 октомври ќе биде прогласен победникот.
Доколку сакате и вие да учествувате во именувањето на новата маскота, следете го овој линк.