Прогласени првите стипендисти на Охридска банка Сосиете Женерал - победници на конкурсот „Имаш ли жичка за музика“

Арда Мустафаоглу и Наоми Георгиевска ги понесоа признанијата на вечерта.

proglaseni-prvite-stipendisti-na-ohridska-banka-sosiete-zeneral-pobednici-na-konkursot-imas-li-zicka-za-muzika-1.JPG

Вчеравечер, Охридска банка Сосиете Женерал, организираше концерт во Македонска филхармонија со младите финалисти од конкурсот „Имаш ли жичка за музика“. Свој настап имаа осум финалисти, од кои двајца ги понесоа признанијата на вечерта. 16-годишниот Арда Мустафаоглу, беше прогласен за победник на конкурсот и прв стипендист на Охридска банка Сосиете Женерал. Арда стана Член на Клубот на таленти на Банката и добитник на годишна стипендија во износ од 100.000 денари. Посебна награда за препознаен потенцијал за иден развој и беше доделена на 15-годишната Наоми Георгиевска, која исто така беше прогласена за Член на клубот на таленти на Охридска банка Сосиете Женерал, и добитник на годишна стипендија од 50.000 денари. На конкурсот „Имаш ли жичка за музика“ се пријавија 60 млади инструменталисти, а врз база на јасно поставени критериуми беа одбрани 8 финалисти кои имаа можност својот талент да го претстават пред исполнетата Камерна сала во Македонската Филхармонија. Изборот на победниците беше направен со помош на стручна жири комисија составена од професорите Милица Шкариќ, Страшо Темков и Владимир Костов. 

proglaseni-prvite-stipendisti-na-ohridska-banka-sosiete-zeneral-pobednici-na-konkursot-imas-li-zicka-za-muzika-2.JPG

ОБСГ Клуб на таленти, како концепт, функционира на база на конкурси кои се објавуваат во текот на годината на одредена тема. За секој објавен конкурс во рамки на овој клуб, Банката како основач, заедно со однапред дефинирано стручно жири, избира финалисти и победник кој ќе биде финансиски награден и поддржан од страна на Банката.

Првиот конкурс на Банката  во рамки на Клубот на таленти беше токму конкурсот „Имаш ли жичка за музика“.

proglaseni-prvite-stipendisti-na-ohridska-banka-sosiete-zeneral-pobednici-na-konkursot-imas-li-zicka-za-muzika-4.JPG

proglaseni-prvite-stipendisti-na-ohridska-banka-sosiete-zeneral-pobednici-na-konkursot-imas-li-zicka-za-muzika-3.JPG

Охридска банка Сосиете Женерал како општествено-одговорна компанија, и понатаму ќе продолжи  да издвојува значаен износ на финансиски средства, насочувајќи ги во различни области како култура, спорт, образование итн., секогаш барајќи таленти и потенцијали на кои им е потребна поддршка за развој на својот талент, доедукација и усовршување во својата насока, се со цел да помогне во развојот на сите млади кои покажуваат потенцијал во одредена насока.

За Охридска банка Сосиете Женерал 

Охридска банка Сосиете Женерал  е универзална банкарска институција која припаѓа на една од најголемите финансиски групации во светот – групацијата Сосиете Женерал. Со повеќе од 146.000 вработени, со присуство во 67 земји, Групацијата Сосиете Женерал опслужува 31 милион клиенти низ целиот свет повеќе од 150 години. Охридска банка Сосиете Женерал функционира според високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги четирите главни вредности на Групацијата: тимски дух, иновација, посветеност и одговорност. Основната стратегија на Охридска банка Сосиете Женерал е постојаното унапредување на квалитетот на извршувањето на банкарските услуги и нејзината целосна посветеност да ги задоволи потребите на своите клиенти. Преку своето седиште во Скопје и широката мрежа од 27 експозитури на територијата на Македонија, Охридска банка Сосиете Женерал има за цел да биде поим за банкарски односи, препознатлива на пазарот, блиска до клиентите, избрана поради својот квалитет и посветеноста на нејзините тимови. Охридска банка Сосиете Женерал во 2016 година е носител на три награди во категоријата „Најдобра банка во Македонија“ од трите најважни банкарски авторитети - “Global Finance”, “Euromoney” и  “The Banker” и носител на наградата „Најдобра банка во Македонија“ во 2017 година од “Global Finance“ и “Euromoney”. Оваа година, Банката ја започна со уште една награда, повторно од Глобал Фајнанс, за „Најдобра банка во Македонија“ за 2018 година.

proglaseni-prvite-stipendisti-na-ohridska-banka-sosiete-zeneral-pobednici-na-konkursot-imas-li-zicka-za-muzika-5.JPG

Би можело да ве интересира:

Уникатни имиња на децата на познатите Македонци: Гаиа, Кира, Киан Катарина Ивановска ја има ќерката Кира, Слаткар го крсти синот Моша, а Тони Зен ...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Ледената Бетика го запозна својот идол, Вим Хоф: „Ми кажа дека заедно ќе го промениме светот“ „Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на ц...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg