Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство во Скопје и Македонија

Скопје, (27.11.2018) - Како започна школската година, така јавноста стана свесна за некои несакани настани кои се случија во училиштата во Скопје и Македонија. Заедницата беше сведок за неколку случаи на врсничко насилство, кога млади школски другари и пријателки си нанесоа повреди еден на друг. Луѓето ги гледаа овие немили настани преку медиумите, класичните и социјалните.

doagja-drugarizacija-akcija-za-da-se-namali-vrsnickoto-nasilstvo-vo-skopje-i-makedonija-01.jpg

„Некогаш одговорните и родителите не се свесни за активностите и работите што ги прават децата. Тоа не е нивна вина затоа што колку и да се трудат, малите знаат како да се скријат и како да го направат тоа што го сакаат. Тоа е дел од нивната природа исто како што е анимозитетот и агресијата која може да ја држат во себе со денови, некогаш и месеци. За да се запознаат родителите со некои од знаците како да ги препознаат насилството кај децата стартува акција која има за цел да поттикне Другаризација кај младите.“, порачуваат од Центарот за поттик на креативни потфати (ЦПКП), организаторите на активностите. Тие во текот на одреден период ќе споделуваат насоки и ќе им овозможат консултирање на сите кои сакаат преку Фејсбук фан страната да дознаат што е можно повеќе за оваа тема. Самата Фејсбук фан страна може да се пристапи преку следниот линк - http://bit.ly/2QFaAvp или со пребарување на зборот „Другаризација“ на Фејсбук.

Целата акција ќе кулминира во настан на кој експерти од својата област ќе разговараат со родителите и другите заинтересирани. Се повикуваат сите кои што сакаат темата за врсничко насилство да допре до што поголем број на луѓе да ја следат страницата и да ги споделуваат нејзините постовите затоа што само сите може да влијаат во зголемувањето на свеста кај младите.

doagja-drugarizacija-akcija-za-da-se-namali-vrsnickoto-nasilstvo-vo-skopje-i-makedonija-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојат... „Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама сам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg