Рамсторе на денот на извлекувањето на големата нарадна игра го одбележа и Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби
- Детали
- вторник, 04 декември 2018
Вчера (03.12.2018), со почеток во 12 часот голем број потрошувачи, заинтересирани граѓани и учесници присуствуваа во трговскиот центар Рамсторе на извлекувањето на добитниците од наградната игра „13-ти роденден на Рамстор маркетите“.
Возбуда, нетрпение и големо исчекување ги обзема присутните, особено оние чиј фокус беше главната добивка, 1 милион денари.
Наградната игра „13-ти роденден на Рамстор!“ започна на 4 октомври и траеше до 21 ноември оваа година, а можност за учество имаа сите полнолетни граѓани со фискална сметка над 1.000 денари. Со организацијата на оваа наградна игра Рамстор сакаше да искаже благодарност кон своите лојални потрошувачи за довербата, што го направи нивен прв избор во изминатите 13 години.
Особено ни е драго што големото извлекување на наградната игра се совпадна со 3 Декември -Meѓународен ден на лица со посебни потреби и во насока на визијата на Рамсторе која има за цел да превземе чувствителни активности кон општеството, токму на овој ден го поканивме Здруженито Трисомија 21 да бидат дел од овој убав настан со тоа што ни помогнаа дa ги извелечеме среќните добитници и сите заедно да го одбележиме 03 Декември Meѓународниот ден на лицата со посебни потреби.
Вчерашната дружба со Трисомија 21 се надополни со прошетка низ маркетот Рамсторе, трговскиот Центар Рамсторе Мол, како и посета на администартивните простории и со голема радост беа пречекани од менаџментот и вработените на нашата компанија.
Целта на овој ден е да се поттикне подобро разбирање од страна на целокупното општество за луѓето со хендикеп, да се поттикнат луѓето да станат посвесни за правата, достоинството и блосостојбата на лицата со посебни потреби, како и да се подигне свеста за придобивките од интегрирањето на лицата со посебни потреби во секој аспект на животот и општеството.
Ова е само една од општествено одговорните активности кои Рамсторе постојано ги спроведува. Ние како компанија ќе продолжиме да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти со цел да го побудиме хуманиот дел и да го поттикнеме чувството на солидарност на хумана димензија кај сите. Веруваме дека со денешното дружење успеавме да предизвикаме насмевка кај овие прекрасни личности кои ни го направија денешниот ден посебен изјавија од управата на Рамсторе. Сметаме дека со нашето денешно дружење и љубов, успеавме да предизвикаме насмевки на лицата на овие прекрасни луѓе кои го направија овој ден посебен за нас. Нашата желба е нашите пријатели со посебни потреби да ги придобиеме кон општеството и да овозможиме нивните права да ги користат во целост и на еднаков начин со останатите.