Која е важноста на работењето на пензиските друштва во вториот пензиски столб?

Реформираниот пензиски систем во Македонија е веќе во својата втора деценија. Главните цели на оваа реформа се да се намали товарот врз буџетот на државата за покривање на пензиите од првиот столб и обезбедување стабилна и сигурна пензија.

koja-e-vaznosta-na-rabotenjeto-na-penziskite-drustva-vo-vtoriot-penziski-stolb-001.png

Од пензиските друштва потенцираат дека за секој осигуреник е од особена важност да биде запознаен со својата пензиска заштеда, како и да се едуцира за работата на своето пензиско друштво. „Промените на пензискиот систем се евидентни. Со воведениот нов систем, кој е комбинација на тековно и капитално финансирање, се изгради систем со бенефиции за поединецот и дополнителни ефекти за целата економија. Поединецот е посигурен, бидејќи финансирањето на пензијата ќе се врши од повеќе извори, ризикот се диверзифицира, а нашата транспарентност останува еден од основните принципи во работењето и комуницирањето со членовите. Сепак, познавањето и заинтересираноста на членовите за пензиското осигурување и за состојбата на нивните пензиски сметки е мала, иако се работи за нивни лични пензиски заштеди“, велат од пензиските друштва.

Една од главните придобивки во вториот задолжителен пензиски столб се инвестициите што ги прават приватните пензиски друштва, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и Сава пензиско друштво АД Скопје, кои имаат за цел остварување приноси, кои понатаму рамномерно се распределуваат на индивидуалните сметки на секој осигуреник.

Приватните пензиски друштва, под надзор на Агенцијата за супервизија за капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ги инвестираат средствата од вториот столб во разни финансиски инструменти, како и во акции на профитабилни домашни и светски компании, меѓу кои и познатите Apple, Microsoft, BMW, Siemens, Airbus, Алкалоид, Прилепска пиварница и др.

Како резултат на добрите инвестиски одлуки на пензиските друштва, средствата на задолжителните фондови, од почетокот со работењето до 30.9.2018 година, имаат просечен годишен пораст на вредноста на сметководствената единица од 5,64 %*.

За повеќе детали во врска со работата на пензиските друштва, погледнете го видеото во прилог и посетете ја веб-страницата www.penzija.mk

*извор: Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување: www.mapas.mk

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Би можело да ве интересира:

Новогодишна честитка од штипската четворка: Слатките бебиња во празнични костими со Дедо Мраз (фото) Штипската четворка, бебињата Михаил, Теодор, Ведран и нивната сестра Леонтина, ј...
Аделина Тахири со сестра ѝ Диана (17) и синот на одмор во Египет: „Мојот живот во една слика“ По Дубаи, Аделина ужива на брегот на Црвеното Море во Египет. Овојпат друштво ѝ ...
Јелена Спенџарска на прослава на Божиќ кај дечкото од Солун – Сподели фотки со семејството „Ова ќе ни прерасне во традиција, еден Божиќ ќе го славиме на море, друг на план...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Најубавите пораки за Божиќ што можете да им ги испратите на блиските Добро здравје, мир во душата, радост во мислите, младост во срцето, успех во раб...
Тамара на летување во Полихроно со децата и саканиот Лука, друштво им прави и Тијана Иако се сместени во Полихроно, Тамара со децата и Лука посетија неколку плажи на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg