Стотици луѓе се журкаа во дивина во центарот на Скопје

stotici-lugje-se-zhurkaa-vo-divina-vo-centarot-na-skopje-01.JPG

Стотици луѓе вчера во клубот „Станица 26“ во Скопје поминаа една ноќ во дивина каде идеален начин да се згреат беше жестокиот пијалак Jägermeister. Познатиот бренд ја организираше забавата насловена како -18°C After Dark, на која посетителите беа опкружени со светлечки метални еленски глави, бршлен, скулптура од мраз и со апарати од кои бесплатно се точеше Jägermeister.  

Звукот на дивината го доловија Тони Зен и диџеите Чваре, Бугимен и Мартин, а настапија и хип-хоп танчерите од екипата Beatrix crew.

Уште на самиот влез луѓето имаа можност да ја почувствуваат атмосферата на дивината. Висеа бршлени, а од ѕидовите „гледаа“ светлечки метални еленски глави, симболот на Jägermeister.  Дел од просторот во клубот  го заземаше дводимензионална ледена скулптура поставена во кутија со кршен мраз, во која, пак, се ладеа епрувети со познатиот пијалок. Хип-хоп музиката и ледениот Jägermeister го наполнија подиумот, а присутните имаа шанса да остават свој флуросцентен отпечаток на големо платно.  

Изненадување за присутните беше големата трафика со ретро дизајн, чија внатрешност беше уредена како шума во која гостите се фотографираа надополнувајќи ја дивата атмосфера во „Станица 26“. Жестокиот Jägermeister го точеа двајца искусни бармени користејќи најразлични трикови и акробации, при што гостите на забавата добија можност да пробаат и различни коктели со овој пијалок, како и да вкусат нови, интересни и невообичаени комбинации.

Забавата -18°C After Dark заврши во раните утрински часови, а публиката од Jägermeister остана да очекува уште креативни, уникатни и забавни настани во организација на овој светски познат бренд.  

Би можело да ве интересира:

Биг Мама славеше роденден: Фрлаше пари на музичарите, дуваше свеќички на црно-сребрена торта Една од најпопуларните водителки кај нас, Биг Мама, направи роденденска забава з...
Ледената Македонка Бетика се расплака пред експедицијата на Алпите: Татко ѝ со моторна пила нацрта с... „Тато мрази ладно, особено на стапалата, но дојде со мене на тренинг. Јас не зна...
Новогодишна честитка од штипската четворка: Слатките бебиња во празнични костими со Дедо Мраз (фото) Штипската четворка, бебињата Михаил, Теодор, Ведран и нивната сестра Леонтина, ј...
Штипјанка направи роденденска забава инспирирана од Дивиот Запад - со вистински коњ и каубојски дрес... „Идејата за роденденот ми е уште од детството, бидејќи ги сакам коњите. Кога бев...
Миа Костова го прослави 40-тиот роденден со забава во бохо стил, бел дрес код и торта на три ката За роденденската забава Миа избра бел фустан со реси, гол грб и кафеави каубојск...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg