Имајќи ја предвид тековната состојба со вирусот Корона, непредвидливиот понатамошен развој и откажувањето на најголемиот светски саем за иновации во делот на прозорци, врати и фасади, Фенстербау Фронтале 2020, РЕХАУ наскоро на своите клиенти ќе им овозможи виртуелен саем, со цел да ги покаже најновите иновации во делот на прозорските решенија.