„Мошико, најубаво дете на цел свет“ – Песничката со која Слаткар го успива новороденото синче (видео)
- Детали
- среда, 13 мај 2020
Кога има музичар во семејството, нема потреба да се грижите за детски песни – како звучи измислената песна на Слаткар за синчето Моша?
Слаткар и Сања Николиќ го добија синчето на 15-ти април и му дадоа уникатно име – Моша.
Тие уживаат во деновите со нороденото синче и споделуваат моменти од секојдневието со него и пролетните прошетки.
Последно, открија и како Слаткар го успива Моша – тато смислил и отпеал приспивна песничка за него која му ја пуштаат на бебефонот:
Мошико, Моши-Моши-Мошико, најубаво дете на цел свет. Мошико, Моши-Моши-Мошико ти си најубавото дете. Да ја разбудам мама, сакам да ме фати во раце, да ме клацка, да ми даде малце да јадам, за да пораснам голем и да бидам јак, најјакиот Моша. Не треба да плаче Мошико, Моша е најубаво дете. Мошико, Моши-Моши-Мошико, најубаво дете на цел свет, Мошико, Моши-Моши-Мошико ти си најубавото дете.
М. М. | Црнобело