Комисијата ќе достави предлог за олабавување на мерките – кои објекти ќе се отворат?
- Детали
- вторник, 12 мај 2020
Во земјава полека се враќа животот во нормала, секако со задолжително почитување на основните три заштитни мерки - министерот Филипче најави кои објекти би можеле да се отворат.
Фото: depositphotos.com
Денес на седницата на Владата ќе се дискутира план за попуштање на рестриктивните мерки, најави Венко Филипче во денешната прес-конфернција.
Комисијата за заразни болести ќе достави предлог план за олабавување на мерките, кои вклучуваат во оваа недела прво отворање на центри за едукација и обука, семинари на возрасни, организација на седници и органи за управување и конферении, авто школи, испитни центри, спортски центри на отворено за индивидуални тренинзи како тенис, обложувалници преку шалтер без угостителска дејност и затворени трговски центри без угостителска дејност, како и центри за рехабилитација на слух, говор и глас, секако со строго придржување на препораките за заштитна опрема, дистанца и одреден број присутни во локалите.
Потоа, по следење на состојбата, според планот, неделата по ова, е во предвид да се отворат угостителски објекти со послужување, објекти на отворено за колективни спортови и по епидемиолошка анализа, една недела подоцна, да се отворат и објекти за игри на среќа, автомат клубови, тренинзи во затворени спортски објекти и базени, теретани и хотелски објекти, секако со постојано следење на параметрите во меѓувреме.
Она што е најважно, е животот постепено да се враќа во нормала, а граѓаните да се придржуваат до препорачаните мерки за заштита.
Погледнете ја прес-конференцијата на Венко Филипче за детални информации во врска со состојбата и мерките:
Би можело да ве интересира:





