Рамстор Мол започнува со работа од утре

Рамстор Мол согласно сите препораки на Владата и Министерството за здравство од утре (четврток, 14.05.2020) ги отвора своите врати за посетителите.

ramstor-mol-zapochnuva-so-rabota-od-utre-01.jpg

По ситуацијата во која се најдовме сите и пандемијата која го зафати целиот свет и речиси повеќе од 2 месеци не работење, Рамстор Мол започнува со нормално функционирање.

Како главен приоритет по ново настаната ситуација ќе биде здравјето на луѓето, а за таа цел од Рамстор Мол најавија дека сите мерки ќе бидат превземени кои се строго определени од страна на властите, се со цел да се влијае на општото здравје заедно со сите вклучени страни во целокупното работење.

„Рамстор Мол како општествено одговорна компанија, уште на почетокот со ситуацијата со коронавирусот започна со превентивни мерки кои беа во насока на општото здравје на сите посетители и будно ги следиме сите препораки од властите, како и примерите од земјите кои веќе започнаа со работа и за таа цел можеме да кажеме дека сме спремни за работа и отворање.

Бидејќи здравејто на нашите посетители е наш најголем приоритет, сите препораки кои ќе бидат дадени од министерството за здравство ќе бидат целосно имплементирани, а ќе имаме и дополнителни процедури за хигиена на секој посетител, како и запазување на социјалната дистанца, се со цел враќање во нормала секојдневните навики и нормализирање на животот." - изјавија од Рамстор Мол

Затоа ве очекуваме сите вас на добар шопинг и заедно да ги почитуваме сите мерки за подобро општо здравје. Работното време на Рамстор Мол ќе биде од 10 до 18 часот секој ден.

Недела ќе биде неработен ден за трговскиот центар.

Би можело да ве интересира:

Ирина Дишовска објави дека чека второ дете со Павле Камилоски – 1 година по раѓањето на синот „Уште едно бебе е на пат“ – напиша Ирина Дишовска до фотките на Инстаграм, со ко...
Наши и регионални познати личности што го кријат идентитетот на татковците на нивните деца Причините се најразлични, некои сметаат дека тоа е дел од нивниот приватен живот...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg