Интервју со Дарјан Раденковиќ од Brainster: „Секој којшто е успешен бизнисмен би се изненадил колку лесно би се снашол во водење на еден е-бизнис“

Во услови на пандемија на коронавирус, кога движењето и комуникацијата е ограничена, многу од компаниите својата дејност ја префрлија на интернет, каде со помош на онлајн алатки активностите непречено се одвиваат.

intervju-so-dejan-radenkovikj-od-brainster-01.jpg

Една од нив е и Brainster, компанија за неформално образование која организира едукациски програми за програмирање, маркетинг, дизајн и data science.

Нивната специјалност е организирање на курсеви и академии, но и кариерна трансформација и поврзување на талентите со иновативните компании oд областа на маркетинг, дизајн, бизнис и програмирање.

Минатата година на академиите во Brainster се запишале над 500 луѓе, додека севкупно со курсевите и работилниците, бројката на луѓе кои во изминативе 5 години се едуцирале кај нив изнесува над 9000. Правници, економисти, наставници, стоматолози се само дел од профилите кои поминале низ академиите на Brainster со цел да започнат нова кариера како програмери, дигитални маректери или графички дизајнери. Според анализите на Brainster, над 80% од студентите на академиите кои биле во потрага по нова кариера или промена на постоечката, успеале во тоа.

Поради вонредната ситуација и следењето на мерките за превенција од коронавирус, Brainster сите курсеви од своите академии ги префрли на интернет. На тој начин, над 600 студенти овој период наставата ја следат онлајн. А онлајн е и комплетното водење на бизнисот и плаќањата, благодарение на E-commerce услугата на Халкбанк. Со тоа, студентите на Brainster сите плаќања ги прават од нивниот дом или било кое место со пристап на интернет со нивните VISA и MasterCard дебитни или кредитни картички.

За предностите и најубавите моменти од водењето на е-бизнисот, за алатките кои ја олеснуваат е-трговијата, како и за одличната соработка со Халкбанк во развојот на својот е-бизнис, зборувавме со Дарјан Раденковиќ - CMO; Director of Education & Development во Brainster.

Се сеќавате ли на првата зделка преку вашата веб-платформа? Дали го прославивте тој момент?

Сеќавањата на првата зделка што ќе ја направите на вашата веб платформа секогаш се многу пријатни затоа што тој момент е еден од највозбудливите. Во тој момент вашиот бизнис прераснува од идеја во вистински бизнис и имате доказ дека може да функционира.

intervju-so-dejan-radenkovikj-od-brainster-02.jpg

Кои се 3 клучни елементи за развој на успешен е-бизнис?

Не постојат толку големи разлики помеѓу успешно водење на бизнис и е-бизнис. Од тој аспект, верувам дека секој којшто е успешен бизнисмен би се изненадил колку лесно би се снашол во водење на еден е-бизнис само доколку го надмине тој страв од нови дигитални технологии. Верувам дека новонастанатата ситуација ќе принуди многу луѓе да ги реоткријат своите таленти и да го префрлат својот бизнис успешно и во дигитална форма. Но, кога би морал да изберам 3 клучни елементи за успешно водење, тоа дефинитивно би биле, на прво место - прилагодливост, затоа што мора да бидете способни да се прилагодите на драстичното менување на условите на пазарот и на новите технологии. На второ место - проактивност, затоа што мора вие да бидете тие коишто ќе го донесат бизнисот до потрошувачите, а не само да чекате пасивно тие да дојдат кај вас. И на трето место - динамичност, односно малку побрзо водење на сите процеси, бидејќи денешниот динамичен пазар го бара тоа од компаниите.

Кои се најубавите моменти кои доаѓаат со водење е-бизнис? Кои се предностите?

Предноста при водење на еден е-бизнис е дека на располагање ви стојат неверојатни алатки коишто многу ви го помагаат работењето. Целата дигитализација која што се случува веќе подолго време наназад, придонесе да имаме на располагање револуционерни начини на работа, коишто претходно не сме ги имале. Пред сè, тука мислам на можноста за детално мерење на сите активности на нашите клиенти. Кога водите еден е-бизнис имате апсолутен увид во тоа како потрошувачите се однесуваат на вашата веб платформа, од каде доаѓаат, колку време поминуваат, кои продукти најмногу ги разгледуваат и сл. Таа мерливост е една од најголемите предности. Друга, исто така, голема предност е можноста за детално таргетирање, односно сега преку платформите за дигитален адвертајзинг, како што се Facebook, Google и многу други, имате можност да пристапите до најсоодветна публика која што е потенцијално најзаинтересирана за вашиот продукт или услуга. Исто така, со помош на овие алатки имате можност за креирање на re-marketing публики и look-alike публики, односно достап до луѓе коишто веќе претходно биле во контакт со вашиот продукт и има шанси да се многу заинтересирани, и на второ место, луѓе коишто Google и Facebook ги препознаваат како потрошувачи кои се слични на тие кои веќе го купиле вашиот продукт или услуга. Работењето во дигитални услови на дигитални платформи овозможува навистина пристап до функционалности коишто претходно не биле случај, кои се револуционерни и навистина многу го поедноставуваат работењето. А, убавината на ова работење е дека можете во реално време да видите дали она што сте го смислиле и испланирале функционира, односно дали дава резултати.

intervju-so-dejan-radenkovikj-od-brainster-03.jpg

Која е алатката/услугата која ви го олеснува бизнисот?

Во водењето на нашиот бизнис комплетно се потпираме на голем број на дигитални алатки и услуги. Во последниот период и со префрлањето на преку 600 студенти на Brainster од сите академии да ја следат наставата онлајн, во најголем дел користиме Zoom како платформа за онлајн предавања. Slack ни е тука како алатка за комуникација на дневна база којашто ја користиме. Google Drive како место каде што ги прикачуваме сите потребни документи. Во делот на водење на маркетингот, тука се платформите како Facebook, Google, Google Analytics, Hotjar, за анализа на посетите на нашите landing страници. Понатаму, ги користиме Mailchimp за e-mail кампањи, Typeform за формулари за пријавување. Станува збор за голем број на платформи. Дефинитивно Deezer во последно време како платформа којашто малку со музика во позадина ни го олеснува сето ова седење дома и функционирање во новонастанати услови.

Кога би требало да ни раскажете само една кратка приказна поврзана со вашиот бизнис која би била таа?

Има една приказна поврзана со нашиот бизнис која што постојано се повторува. Тоа е онаа приказна на амбициозен млад човек којшто чувствува дека може да направи промена, може да направи нешто повеќе со сопствениот живот и којшто ги избира нашите програми кои му даваат една моќ да си отвори кариерна патека која што ќе го направи посреќен, покреативен и ќе почне да го работи она што повеќе го сака. Таа приказна е приказна на правници коишто доаѓаат да бидат софтверски инженери, на стоматолози коишто доаѓаат да бидат дигитални маркетери, на сообраќајни инженери коишто стануваат графички дизајнери. Тоа е таа приказна која што се повторува, нè прави среќни и едноставно ни дава уште повеќе енергија и мотивација да продолжиме со нашите програми и со она што го работиме.

intervju-so-dejan-radenkovikj-od-brainster-04.jpg

Кои се во моментов вашите омилени услуги кои ги нудат останатите е-бизниси?

Како е-платформи коишто постојано ги користиме, можам да ги издвојам Mitra.mk и Paket.mk за секојдневни намирници и подароци. Понатаму, кога сакаме да прочитаме нешто интересно или паметно тука ни е Книготека. Дефинитивно и Grouper.mk. Малку да го „размрдаме“ секојдневието, налепници за лап-топ одвреме навреме менуваме од Decal.mk. Така што сите овие платформи ги користиме веќе подолго време, а позачестено во новонастанативе услови. Ги споменувам меѓу другото затоа што станува збор за млади луѓе коишто се охрабриле и осмелиле да влезат во е-бизнис, да го развиваат секторот на е-трговија и мошне добро го прават тоа. Дополнително, навистина нивните продукти и услуги се мошне квалитетни и е вистинско задоволство да се соработува со нив. И, најголем дел од нив се наши пријатели, наши соработници на дел од академиите, предавачи, студенти и слично, така што ги поздравувам и им посакувам многу голем успех во бизнисов, а верувам дека во периодов се доста зафатени.

Како Халкбанк се вклопи во вашата приказна?

Халкбанк веќе години наназад ни е доверлив партнер во делот на онлајн плаќање, така што уште од самиот старт на нашата платформа, развивме соработка која што течеше беспрекорно. Динамиката на нашиот бизнис секогаш налага поставување на нови платформи, нивно поврзување со системи за наплата и секогаш во целиот тој процес Халкбанк се покажал како партнер на којшто можеме комплетно да се потпреме, затоа што сите аспекти на имплементација на е-плаќањето секогаш биле направени од нивна страна навремено, техничката поддршка секогаш совршено функционирала и се надевам дека оваа соработка ќе трае на обострано задоволство уште многу години.

Дали Халкбанк помага за полесен развој на е-бизниси?

Мошне е важно кога работите во областа на е-бизнис да имате партнер којшто е доверлив, меѓутоа и партнер којшто ги следи актуелните трендови којшто ќе ви помогне да го имплементирате сето она што сте го замислиле. Пример како Халкбанк им помага на брендовите за развој на е-бизнис, ќе споменам еден проект којшто го работиме во моментов, за помош, односно поддршка на уличното списание „Лице в Лице“, кое што во овој момент се префрла онлајн за да може да им се помогне на лицата од ранливи категории, во момент кога не можат да го продаваат по регуларен пат како досега. Тука Халкбанк многу ни помогна во имплементација на целиот систем, затоа што меѓу другото, новата функционалност која што ја овозможи за повторливо плаќање е една од клучните фактори во успешното поставување на списанието онлајн, односно овозможувањето долгорочна функционалност со тоа што луѓето ќе можат да се претплатат на списанието и да им помогнат на уличните продавачи во новонастанативе услови.

Би можело да ве интересира:

Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Денес е летен Свети Никола – Обичаи и верувања поврзани со овој празник Во минатото, на денешен ден рибарите не влегувале во езерата, а се верувало дека...
Ледената Бетика го запозна својот идол, Вим Хоф: „Ми кажа дека заедно ќе го промениме светот“ „Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на ц...
Секоја чест! Миа Костова собра преку 250 донации за лекувањето на Леонид за само 5 часа „Уште немаме увид во продажба, но не можам да ви објаснам колку сум горда на ови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg