VirusRadar – мобилна апликација за следење на изложеноста на Ковид-19 – имплементирана во Унгарија како донација од Некстсенс
- Детали
- четврток, 14 мај 2020
Како придонес на Некстсенс во борбата против глобалната закана од Ковид-19 денес во Унгарија е ставена во функција мобилната апликација VirusRadar, донација на унгарската држава за поддршка во борбата против коронавирусот.
VirusRadar е мобилна апликација за откривање на ширењето на COVID-19 базирана на технологијата на Некстсенс за следење на изложеноста на коронавирусот (Nextsense Contact Trancing Technology), имплементирана во македонската StopKorona! мобилна апликација. Изработена е согласно највисоките безбедносни стандарди и стандардите за заштита на приватноста на корисниците. Користи Bluetooth Low Energy протокол за детекција на анонимизирани, шифрирани контакти.
Некстсенс, како компанија со високо изразена свест за солидарност, помош и поддршка на заедницата својата технологија за следење на изложеноста на Ковид-19 ја стави на располагање на властите ширум светот, како донација.