Миа Костова стана магистер - Синот најголема поддршка да ја победи тремата пред одбраната на трудот
- Детали
- понеделник, 07 октомври 2024
Инфлуенсерката и поранешна водителка денес (07.10) го одбрани магистерскиот труд на Универзитетот за туризам и менаџмент.
Миа Костова од денес официјално е магистер по маркетинг.
Таа ја одбрани својата магистерска работа на Универзитетот за туризам и менаџмент, и овој голем и важен момент во нејзиниот живот го сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.
„Уште сум под импресии и не можам да си ги соберам емоциите. Некој да ме разбуди да ми каже дека не сонувам! Магистер по маркетинг е само уште еден остварен сон.
Задоволството е мое што и овој пат учев од најдобрите!
Благодарност до комисијата и мојата менторка кои несебично ми го пренесоа нивното знаење и беа дел од овој процес“, напиша Миа по одбраната.
Пред да оди на одбраната на магистерскиот труд, таа објави фотка на Инстаграм Стори со порака дека има огромна трема, а потоа и фотографија со синот Андрија, додека чека да почне самата одбрана.
„Мојата сила“, напиша Миа.
Неколку дена пред одбраната на магистерскиот труд, Миа откри дека е здрвена од трема.
Во видео на Инстаграм Стори им кажа на своите следбеници да не ѝ се смеат и да не мислат „дека ѝ летнале врапчињата“ ако ја видат како оди по улица и си зборува сама со себе, бидејќи си се „преслушува“.
А. Ј. | Црнобело