Состојба до 12.05.2020: Направени се 189 тестирања – 10 потврдени, скрининг почнува утре
- Детали
- вторник, 12 мај 2020
На прес-конференцијата, министерот Филипче ја сподели најновата состојба во врска со корона вирусот, како и за можност за намалување на мерките.
На Инфективната клиника во Скопје, за жал има 1 починат, од Делчево на 60-годишна возраст, кој имал други малигни болести.
Вкупно дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата е 1674, од кои оздравени се 1205, починати 92, а активни случаи се 377.
Во последното деноноќие, оздравени се 5 пациенти, направени се 189 тестирања, од кои потврдени се 10 нови случаи, а министерот најави дека утре почнува скрининг на критични категории и прво ќе се почне со вработени во градинка кои се околу 2000.
Во следните 2 месеци се очекува значајно намалување на ширењето на заразата, благодарение на карантинските мерки, затворените граници со државни карантини и контрола на случаи со локална трансмисија, а се очекува и топлото време да игра улога во ова.
Денешните и вчерашните случаи се поврзани со настан во Скопје, вели министерот и ги уверува граѓаните дека треба да бидат спокојни бидејќи сите мерки и одлуки се темелат на научни анализи.
https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2385809891726030/?type=3&__xts__%5B0%5D=68.ARAPZcduN9lbmJwXGa12-sXtnl8DlYbI4oC0fGThT9xnf-cXjX95ZFNWholtwlTp55N4qI6VxKVVebpAjPvvepTxGMgrs5z-wwiIEIJ1djkvkqAfadZ9fuy8frGnXzVD1f-dvKxf6oR8yKauxLBZtlS26rOnjibTBZ24GVV_UBkT96V2uVu7BakplXmJWLOjyEP2uHYcUkU7BAd1czD3wi2NF-Gi6GEnKQaZBsfWlrWELhNUC61_Ox6JFLFcu38Ixfi_2YcAh-jRFRxTnfKKbUL4u5NTMnH0hkW_w7KPUVDdGB1eugNrIh1Z5R37f9YnoJDhQACwjWZ6AmKHPStUpmGpw4qH&__tn__=-R
Прочитајте и - Комисијата ќе достави предлог за олабавување на мерките – кои објекти ќе се отворат?
Би можело да ве интересира:





