Охридска банка ќе изврши докапитализација за поддршка на развојот на банката во износ од 10 милиони евра

На 8 Мај 2020 година, се одржа 44. Седница на Собранието на акционери, на која беше усвоена Одлуката за докапитализација на Охридска банка во износ од десет милиони евра.

ohridska-banka-kje-izvrshi-dokapitalizacija-za-poddrshka-na-razvojot-na-bankata-vo-iznos-od-10-milioni-evra-01.jpg

Зголемувањето на средствата на Банката во износ од десет милиони евра ќе овозможи одржување на соодветно ниво на стапка на капитал согласно пропишаните стандарди со локалната регулатива, а од друга страна пак докапитализацијата ќе значи подршка на развојот на банката и одговарање на пазарните предизвици особено во оваа 2020 како предизвикувачка година, пред сè, од аспект на македонската економија како во сегментот население, така и во корпоративниот сегмент.

Во насока на поддршка на финансиските капацитети на буџетот на државата, од аспект на аконтативните уплати на данок од добивка, Охридска банка ад Скопје е во претплата во износ од околу 24 милиони денари и по тој основ нема да бара поврат на средства, односно истите ќе ги користи за однапред подмирување на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година, со што го дава дава својот придонес по во овој основ во овој тежок период.

„Во тимот е силата и затоа треба заеднички да се носиме со предизвиците што ни ги наметнува оваа година. Сега е важно секој експерт од својата област да даде максимум во својот дел, а ние како банка и понатаму ќе останаме стожер на семејните финансии и визионерите претприемачи така што нудиме низа мерки за државата, граѓаните и реалниот сектор да ја преброди пандемијата предизвикана од Ковид 19 колку што е можно побезболно. Сега е времето кога сите треба да покажеме високо ниво на одговорно однесување, да постапуваме рационално и економски оправдано, да носиме издржани одлуки и согласно можностите да ја поддржуваме реалната економија. Охридска банка во овој период вложува максимални напори и подава рака во сите сфери во кои е тоа потребно, истовремено грижејќи се за ликвидноста која е клучна не само за самата банка, туку и за нашите клиенти кои ни ја довериле довербата, а и за цеокупната економија.“ изјави Нина Неданоска, Претседател на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје.

Неодамна Охридска банка објави и нова понуда на кредитни производи со значајни олеснителни услови кои ќе важат се до 30.09.2020 година, за сите клиенти кои имаат потреба од кеш кредити и станбени кредити. Во изминатиот период Банката и донесе бројни одлуки за да помогне во спречување на натамошни инфицирања од Корона вирусот. Како дел од овие одлуки се укинатите провизии за денарски трансакции реализирани преку мобилното и електронското банкарство за да се стимулираат граѓаните да се воздржат од непотребни посети на експозитури и редовните банкарски услуги да ги извршат преку апликацијата Моја Банка, потоа предвремена исплата на пензиите на пензионерите, обнова на платежните картички и достава на домашна адреса, бесплатни дебитни картички за пензионери, зголемена дезинфекција на мрежата на експозитури и банкомати на Банката и тн.

Охридска банка, заедно со Шпаркасе Банка Македонија и матичната Групација Штаермеркише Шпаркасе во овој период реализираат заедничка донација од 110.000 евра, средства кои се насочени за набавка и репарирање на медицинска апарати, набавка на медицинска опрема, маски и скафандери за медицинскиот персонал во Клиничкиот центар во Скопје, набавка на гориво за возилата на Итна медицинска помош, набавка на медицинска опрема за болниците во Охрид и Куманово, како и набавка на храна и средства за хигиена за 1500 финансиски загрозени домаќинства, кои се дистрибуираат во соработка со Црвениот Крст.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Девојче (5) од Скопје имаше тематски роденден, со 12-метарска копија на куќата на Барби „Целта беше да се долови мини свет на Барби во реалноста“, вели мајката на Зои (...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg