„Кога првпат ја прочитав дијагнозата, низ глава веднаш ми помина дека не е можно, веројатно станува за некоја грешка. За жал, не беше тоа случајот. Кај мене не преовладува тагата, се обидувам до денот на операција да си функционирам најнормално со секојдневните обврски, па дури и да работам на дипломската. Мајка ми во целата ситуација ме насочува да се посветам на тоа, иако на нас сите дома ни е по малку смешно.“, раскажува храбрата Николина Нина Мицковска (26) од Скопје, по професија ux ui designer и психолог, за CRNOBELO.com.