„Сребрени улици“, „Лиду лидуду“ – Кралицата на евергрините, Маја Оџаклиевска – некогаш и денес (фото)
- Детали
- сабота, 19 март 2022
Денес Маја има 67 години, изгледа прекрасно и се грижи за својот внук Лука кој се бори со аутизам откако нејзината ќерка Теа го напуштила и заминала во странство. Но, се сеќавате ли на младешката убавина на „кралицата на евергрините“, која пленеше насекаде? Потсетете се во продолжение.
Маја Оџаклиевска е еден од најголемите македонски бисери, неретко наречена и „кралица на евергрините“.
Родена е во Скопје, на 24 април 1954 година, како најмлада од трите деца. Таткото Љубиша Оџаклиевски, мултимедијален уметник, го напуштил семејството кога Маја имала само две и пол години и заминал во Белград.
Мајката Драгица Арсенијевиќ, актерка на Македонскиот народен театар, неколку години подоцна со своите деца отпатувала во Шведска, каде Маја го завршила основното училиште.
Музичката кариера ја започнува како 15-годишно девојче и се појавува на аудиција на Радио Скопје. Потоа таа се вратила во Скопје и се запишала во музичко училиште, со желба да стане оперска пејачка.
Во 1970 година Маја се сели во Белград и на покана на Радослав Грајиќ учествува во радио емисијата „Максиметар“, каде победува и ја добива епизодната улога во претставата „Рабле“ на Жан Луј Баро.
Нејзиниот успех на музичко поле е неоспорен, барем кога се во прашање фестивалските настапи. Нема ниту еден значаен фестивал во поранешна Југославија на кој Маја Оџаклијевска не учествувала, била наградена и барем најмалку - била забележана.
Пресвртница во нејзината кариера може да се смета 1979 година, кога на Белградска пролет ја отпеала „Даљине“, еден од нејзините најголеми хитови.
Маја последниве години реши речиси целосно да се повлече од јавноста и повеќе да не издава албуми.
Таа е мајка на две возрасни ќерки (Теа и Андреа), живее скромно, без гламур, сѐ уште одлично пее и е добредојден гостин на малите екрани.
Иако долго време не зборуваше за проблемот што го има нејзиниот внук Лука, син на постарата ќерка Теа (со која долги години не зборува), пејачката Маја Оџаклијевска последниве години си ја отвори душата и изјави дека нејзиниот миленик минува низ тежок период во животот затоа што се бори со аутизам.
Нејзината ќерка Теа, наводно го напуштила својот син, заминала во странство и повеќе не се вратила.
Врската на Маја со другата ќерка Андреа е нераскинлива, а големата љубов, приврзаноста, како и сличноста во изгледот често може да се забележат и на социјалните мрежи.
Маја речиси никогаш не се одвојува од внукот. Вели дека одлично се снашла во улогата на баба и дека и покрај сѐ не се откажала.
„Јас сум добра баба. Секој ден сум со Лука и тој има најголема доверба во мене. Најчесто се трудам да му ги исполнам сите хирови. Многу сум приврзана за мојот внук и сакам тој секогаш да биде среќен. Не сакам да страда за ништо, особено затоа што не може да каже кога нешто му пречи“.
Маја Оџаклиевска денес има 67 години и со оглед на нејзините години изгледа прекрасно, но се сеќавате ли на нејзината младешка убавина која пленеше насекаде?!
Маја Оџаклиевска некогаш и денес:
Во продолжение ве потсетуваме на најголемите македонски евергрини од оваа музичка „дива“:
„Многу солзи“
„Шила“
https://www.youtube.com/watch?v=ydo8nRK2OXU
„Лиду лидуду“
https://www.youtube.com/watch?v=69PNFZUoObE
„Не допирај ме“
https://www.youtube.com/watch?v=2s3VuUMJaUM
„Само сеќавања“
https://www.youtube.com/watch?v=Hr-Pn_SzGcg
„Сребрени улици“
Мила М. | Црнобело