Македонските навивачи главни низ улиците на Палермо - ја пренесуваат атмосферата за CRNOBELO.com (фото+видео)
- Детали
- четврток, 24 март 2022
Се пие пиво, се пеат македонски песни, се вее нашето знаме во Палермо, а се позира дури и со коњ... Браво момци! Вака се сака Македонија, вака се бодрат нашите фудбалери.
Вечерва во 20:45 ќе се одржи долгоочекуваниот полуфинален бараж дуел за пласман на претстојниот Мундијал во Катар помеѓу нашиот национален тим и актуелниот европски шампион, репрезентацијата на Италија.
Улиците на Палермо, град на италијанскиот остров Сицилија, се преполни со македонски навивачи, кои облечени во црвени дресови, пеат македонски песни, веат знамиња и ја загреваат атмосферата пред вечерашниот меч.
Атмосферата оттаму навивачите преку фотографии и видеа ја доловуваат за CRNOBELO.com.
„Во Палермо покрај наши, има и доста италијански навивачи кои провоцираат дека ќе победат вечерва. Повеќе од 1.000 Македонци може да се забележат низ улиците на Палермо. Се надеваме дека вечерва ќе бидеме погласни.“, вели Стефан од Скопје за CRNOBELO.com.
Атмосферата во Палермо, пред вечерашниот меч, преку фотографиите на Стефан, Горан Давчев, Ѓоко Шуклев и познатиот навивач Кипре:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело