Туна Сејдиу на патување во Дубаи со двете деца - восхитена од највисокото панорамско тркало на светот (фото)
- Детали
- петок, 18 март 2022
36-годишната пејачка ужива со двата сина во Дубаи, со чаша шампањ и поглед кон највисокото панорамско тркало на светот. Таа не става фотографии од сопругот Патрис Бериша, среде гласините за развод, но на Инстаграм Стори тој стави видео од помалиот син на плажа во Дубаи.
Туна Сејдиу (36) ужива на патување во Дубаи со двата сина, по пишувањата во многу медиуми дека наводно го финализирала бракот со музичарот Патрис Бериша.
Ова е втор брак за пејачката, а моментално и Патрис е во Дубаи, според едно видео на Инстаграм Стори кај него.
фото: Инстаграм Патрис Бериша
Туна уживаше во прошетки низ Дубаи, погледот кон највисокото панорамско тркало на светот, како и во чаша шампањ со пријателките. На Инстаграм откри дека се вљубила во Дубаи и не сака да го напушти.
Нејзините синови се нејзиното омилено друштво и таа не се дели од нив.
Прочитајте и Брак со подеми и падoви, две деца: Кој е сопругот на Туна Сејдиу?
Фотографии од Туна во Дубаи:
https://www.instagram.com/p/CbNjjuZJyxU/
Потсетете се на Туна Сејдиу по одморот со двете деца во Анталија, го прослави 36-иот роденден во Скопје
С. С. | Црнобело