Туна Сејдиу по одморот со двете деца во Анталија, го прослави 36-иот роденден во Скопје
- Детали
- четврток, 15 јули 2021
Нејзиното синче Зен токму на одморот во познатото турско летувалиште наполни 2 месеци, а прекрасните фотки од мини прославата ги сподели и таткото на децата.
Туна Сејдиу годинава како дестинација за летен одмор ја избра Анталија, Турција. Таму таа уживаше со нејзините синови Тиан и Зен, а интересно е што малиот Зен токму при престојот во ова излетничко место наполни 2 месеци.
Фотки од мини прославата објави и таткото на нејзините деца, Патрис Бериша.
Пејачката се врати во форма кратко по породувањето и со летните стајлинзи изгледа како светска дива во Анталија.
По одморот Туна дојде во Скопје и во еден скопски локал вчера (14.07) го прослави својот 36-ти роденден.
С. С. | Црнобело / Фото: Туна Сејдиу Инстаграм и Фејсбук