Николина од Скопје: „На 26 години добив дијагноза карцином на тироидата, но спремна сум да се изборам со ракот“

„Кога првпат ја прочитав дијагнозата, низ глава веднаш ми помина дека не е можно, веројатно станува за некоја грешка. За жал, не беше тоа случајот. Кај мене не преовладува тагата, се обидувам до денот на операција да си функционирам најнормално со секојдневните обврски, па дури и да работам на дипломската. Мајка ми во целата ситуација ме насочува да се посветам на тоа, иако на нас сите дома ни е по малку смешно“, раскажува храбрата Николина Нина Мицковска (26) од Скопје, по професија UX/UI дизајнер и психолог, за CRNOBELO.com.

nikolina-od-skopje-na-26-godini-da-se-soochish-so-dijagnoza-karcinom-na-tiroidata-e-mnogu-voznemiruvachki-i-teshko-01.jpg

Николина Нина Мицковска (26) од Скопје по професија UX/UI дизајнер и психолог, неодамна се соочи со дијагноза карцином на тироидната жлезда.

Оваа инспиративна девојка, по првичниот шок од дијагнозата, собра храброст да говори јавно за тоа и за процесот кој ѝ претстои со цел да ја поткрене јавната свест за потребата од редовни прегледи.

Николина сака да испрати порака дека треба да се грижиме и да бидеме одговорни кон своето здравје, затоа што болестите не избираат ниту според возраст, ниту според пол.

За CRNOBELO.com таа споделува детали за тешкиот период низ кој минува:

„Неочекувано бев дијагностицирана со папиларен карцином на тироидата. Пред 2 години на ехо ми беше откриено многу мало чворче на тироидната жлезда, меѓутоа немаше никакви промени, ниту укажуваше на ризик од карцином. Во текот на овие две години имав поголеми животни стресови и мислам дека тоа беше тригер за промената. 

Иако конкретни причини за појава на ваков карцином нема, се смета дека влијание има и генетиката, како и радиоактивното зрачење. Почеста појава е кај жените, отколку кај мажите. 

nikolina-od-skopje-na-26-godini-da-se-soochish-so-dijagnoza-karcinom-na-tiroidata-e-mnogu-voznemiruvachki-i-teshko-03.jpg

Да откриеш и да се соочиш со дијагноза карцином на 26 години е првично многу вознемирувачки и тешко. Но, во целата ситуација среќното е што е „highly curable“ (со високи шанси за излекување) и по хируршко отстранување и терапија, квалитетот на животот не би требало да опадне. 

Кога првпат ја прочитав дијагнозата, низ глава веднаш ми помина дека не е можно, веројатно станува за некоја грешка. За жал, не беше тоа случајот.

Но, откако разговарав со мојата докторка во однос на опциите за лекување си ја прифатив целата ситуација како уште еден предизвик во животот кој ќе го надминам.

Кај мене не преовладува тагата, се обидувам до денот на операција да си функционирам најнормално со секојдневните обврски, па дури и да работам на дипломската. Мајка ми во целата ситуација ме насочува да се посветам на тоа, иако на нас сите дома ни е по малку смешно.

Во однос на стравот, нормално го има, меѓутоа со соодветна психолошка поддршка и рационални мисли спремна сум да се изборам и да го победам ракот.

nikolina-od-skopje-na-26-godini-da-se-soochish-so-dijagnoza-karcinom-na-tiroidata-e-mnogu-voznemiruvachki-i-teshko-02.jpg

Поентата зошто јавно зборувам за ова е поради тоа што мислам дека не се зборува доволно колку е важно да се оди барем еднаш годишно на преглед на тироидната, бидејќи за жал проблемите со истата во Македонија се премногу чести. 

Јас, редовно проверував крвна слика, како и тироидните хормони и сè ми беше во граници на нормала.

Немав никакви физички симптоми, што би ме натерале да одам на лекар, и постоеше можност да откријам предоцна. И од рутинска контрола каде што не очекував ништо се дозна.

nikolina-od-skopje-na-26-godini-da-se-soochish-so-dijagnoza-karcinom-na-tiroidata-e-mnogu-voznemiruvachki-i-teshko-04.jpg

Повикувам секој од нас да се грижи за своето здравје и редовно да оди на прегледи.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...
Сопругата на Тони Михајловски со емотивна објава: „5 години од дијагнозата канцер, 5 години во грч и... „По дијагнозата рак, само едно знаев сигурно, а тоа е дека морам да сум силна за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg